| четврток, 6 декември 2018 |

Турција воведува ограничувања на движењето на Сиријците во земјата

turcija

Турција започна со воведување на ограничувања на движењето на Сиријците во земјата, како резултат на загриженоста за тоа како миграцискиот бран се одразува на имиџот на земјата.

Според владин документ и интервјуа со официјални претставници и мигранти, активностите засега изгледа се насочени единствено на попречување на мигрантите да стигнат до турскиот пограничен град Одрин, каде стотици бегалци кампуваат крај границата со Грција.

Ахмет Ичдугу, кој раководи со Центарот за проучување на миграцијата на истанбулскиот универзитет Коч, изјави дека тоа е знак за порешителен напор од страна на Турција да се справи со големиот број на бегалци во земјата.

– Во случајот на Сиријците тоа е првпат, кога властите се обидуваат да бидат строги во однос на нивното движење. Ги затегнуваат правилата – истакна тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top