За приватниот живот на премиерот на Србија, Александар Вучиќ, скоро ништо да не се знае. Голем дел од информациите поврзани со него се обвиткани во тајност, а српските медиуми многу оскудно пишуваат за него и она што се случува со него на приватен план.
На сите медиуми во Србија, на крајот од 2013 година им било забрането да пишуваат за неговиот брак, па ретко кој разбрал дека Вучиќ се прежени.
Неговата прва жена е поранешна уредничка на телевизија “Пинк”, Ксенија Јанковиќ. Стапиле во брак во 1997 година во Нови Сад.
Весниците наведуваа дека Вучиќ се оженил со Ксенија бидејќи таа останала бремена, а Шешељ инсистирал Вучиќ се ожени, бидејќи во спротивно не би било фер и чесно.
– Ако сакаш сериозно да се занимаваш со политика, не може да имаш вонбрачни деца. Ожени се, остани во бракот колку што можеш, а потоа, ако не оди, разведи се – го поучил Воислав Шешељ.
Откако дознава дека помладата сестра на Ксенија, всушност не и е сестра, туку вонбрачна ќерка, Александар Вучиќ се впушта во неколку други афери, од кои едната за врската водителката на РТС Петра Цвијиќ јавно беше обелоденета.
Сепак главен виновник за распад на неговиот прв брак е Тамара Ѓукановиќ, која останала бремена ос српскиот премиер.
Но, кога виде дека информацијата веќе излезе во јавност, одеднаш се појави слика на Вучиќ која потврди дека тој навистина се оженил по втор пат и – тоа е тоа. А претходно, никој не смеел да праша дали е вистина дека се разведува и дека се подготвува да се прежени со втората сопруга.
Александар Вучиќ веројатно очекувал дека фотографијата која покажува како доручкува со неговата втора сопруга ќе стави крај на сите приказни и гласини за неговиот љубовен живот, додека во реалноста само го подгреа интересот на љубопитните луѓе.
Потоа како бомба одекна веста дека Тамара го изгуби бебето, кое требаше да вика Нева.
Според некои медиуми, Александар Вучиќ, по оваа трагедија се разделил од Тамара.
Нејзиното место, според српските медиуми, го заземала познатата водителка на Дневникот на РТС Петра Цвијиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Вучиќ: Го победивме Косово, благодарам и на Македонија
-
Српски медиуми: Од Вучиќ бараат прогласување окупација ако Косово добие војска
-
Вучиќ: Ветувањата од Европа не му беа привлечни на македонскиот народ
-
Вучиќ за предупредувањето на Јункер: Можеби е претерано дека „тлото на Балканот е сеуште погодно за воени судири“, но не би ја исклучил можноста