Ансамблот на Македонската опера и балет вечерва, 22-ри септември, со балетската претстава „Петар Пан“ гостува во Центарот за култура „Марко Цепенков“ Прилеп.
Претставата во кореографија на Џејмс Амар со почеток во 19 часот ќе биде изведена за учениците во основно училиште.
Публиката ќе има можност да ужива во одличната балетска претстава за деца на МОБ, во која се раскажува за лик создаден од шкотскиот романописец и драматург Џ.М. Бери.
– „Петар Пан“ е приказна за палавото момче кое може да лета и одбива да расте. Го поминува своето детство во авантури на малиот остров Недодија, како лидер на неговата банка „Изгубени момчиња“ заедно со сирени, Индијанци, самовили, пирати и одвреме навреме сретнувајќи необични деца од надворешниот свет, истакнаа од ЦК „Марко Цепенков“, напоменувајќи дека со овој проект на основците им се пружа можност да се запознаат со балетот како изведувачка уметност и да уживаат.
Сценограф на балетската претстава за деца е Зоран Крстевски, а костимограф Марија Пупучевска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.