| четврток, 6 декември 2018 |

Пребегаа седум балетани на Националниот балет на Куба

 Седуммина млади балетани од Националниот балет на Куба пребегале во Мексико за време на турнејата минатиот месец, јавуваат американски медиуми.

Според некои непотврдени информации, шест од нив, меѓу кои тројца мажи и три жени на возраст од 20 до 24 години веќе пребегале во Мајами, а еден решил да остане во Мексико.

Кубанскиот национален балет претставува гордост за владејачкиот систем во Куба. Балетот често гостува во странство и во изминатите години многумина од ансамблот пребегаа во странство каде ја продолжија кариерата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top