| четврток, 6 декември 2018 |

Прва прогноза за зимата: Ќе има високи температури и поплави

Доколку се остварат прогнозите на британските метеоролози, тогаш претстојната зима би можела да биде топла со обилни врнежи од дожд кој ќе биде проследен со период на екстремен студ.

“Метеогоѕила“ би можела да ја погоди земјата со доаѓањето на Ел Нињо, разорни непогоди и катастрофи за живот свет.

Ел Нињо е голема природна непогода предизвикана со климатските промени и прекумерното загревање на морињата и океаните.

Метеоролозите веруваат дека годинешниот Ел Нињо би требало да го заобиколи нашето подрачје, но без оглед на тоа ќе почувствуваме индиректни последици. Ова го најави американската приватна метеоролошка служба Акуветер, а прогнозата ја запрепасти јавноста.

Есената почна на 1-ви септември, а онаа календарска пристига на 23-ти, сепак, септември на почетокот донесе високи температури. По рекордно жешкиот август за поголемиот дел на централна и источна Европа, продолжува топлиот септември.

Дали е можно дека зима нема ни да има? Тоа никој со сигурност не може да го тврди, но покрај тоа дека врнежливо и топло ќе биде на нашето подрачје, особено е интересна состојбата во северните краишта на нашиот континент. Така по жешкото лето од Балтик до источна Германија, преку Полска, Украина и Романија, па дури до западна Русија есента ќе биде во знак на повисоки температури.

Сето тоа ќе се случи поради протекување на топлиот воздух кој токму на тоа подрачје нема да му дозволи доаѓање на нестабилното и постудено време.

Меѓутоа кај нас времето ќе биде повеќе нестабилно, потврдува американскиот Акуветер, а есенските дождови и невремиња ќе се движат од Португалија и Шпанија, преку Италија се до Балканот, особено на подрачјето на Јадранското крајбрежје.

Доколку се оствари оваа прогноза силните и обилни дождови би можеле да предизвикаат поплави во Италија но и на дел од Балканот, во Албанија, Србија, Македонија, Бугарија и Грција.

Според најновата сезонска прогноза средната тромесечна температура за претстојните есенски месеци ќе биде повисока од вообичаената.

Летото оваа година и тоа како беше интересно, го следеа рекордни температури, долга низа од 46 жешки денови со повеќе од 30 степени, а очигледно е дека и есента ќе биде потопла, што оди во прилог на тезата за климатските промени и глобалното загревање како директна последица на тие промени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top