Околу 25 илјади бегалци влегле во Хрватска од 16 септември досега, соопшти денеска хрватското Министерство за надворешни работи, пренесува ТАСС.Околу 3.900 бегалци се блокирани во граничниот регион на Товарник во близина на границата со Србија и во следните денови се очекува да бидат транспортирани до унгарска граница.
Според податоците на хрватското МНР околу 700 мигранти се наоѓаат на пунктовите Брегана и Хармица на границата со Словенија.
Министерството наведува дека на овие гранични премини се формирани километарски колони товарни возила, како и дека транспортот на стоки меѓу Хрватска и Словенија е во прекин
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.