| четврток, 6 декември 2018 |

Продукти против секојдневен замор

Честопати на работа и во текот на денот се чувствуваме слабо, уморно и без волја…

Но наместо веднаш да посегнете по некој енергетски пијалак, обидете се со некој од следниве продукти кои сигурно ќе ви ја зголемат енергијата.

orange-juice

Сок од портокал

Витаминот Ц помага во производството на карнитин кој маснотиите ги претвора во енергија. Чашата цеден сок од портокал, плус доволно овошје и зеленчук и ќе пукате од енергија.

Банани

Уште една чудотворна намирница полна со хранливи материи. Бананата ќе ви даде енергија и ќе го одржи стабилно нивото на шеќерот во крвта.

woman eating banana preview

Јајца

Протеините од јајцата, особено оние од белката ни помагаат да останеме будни и да ја одржиме концентрацијата.

Спанаќ

Постои ли нешто што спанаќот не може да го реши? Полн е со хранливи материи – влакна, витамин К, лутеин, а некои истражувања покажуваат дека им помага на мускулите при вежбањето. Во него има и многу железо, што значи дека може да ве „подигне“ кога сте уморни.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top