Од железничката платформа на прифатниот камп во Гевгелија, утрово кон Табановце замина еден воз со околу 600 емигранти, што укажува дека трет ден по ред се намалува бројот на емигрантите, кои кај нас пристигнуваат преку Грција.
Како што јави дописникот на МИА, од железничка станица во Гевгелија информираат дека во текот на изминатото деноноќие од Гевгелија за Табановце заминале три специјални возови со околу 2.200 емигранти и дека сè уште не е повикан воз за мигранти.
Бројот на емигранти е намален и, според процените на УНХЦР и на Меѓународниот црвен крст, кои велат дека низ земјава вчера транзитирале околу 2.600 мигранти, вклучувајќи ги и тие што како превозни средства ги користат автобусите и такси-возилата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)
-
Војници на АРМ стрелале во воздух на границата со Грција за да спречат нелегално минување на мигранти