Луис Енрике застана во одбрана на својот голман Марк Андре Тер Штеген по големиот кикс и голот што од половина терен му го даде Алесандро Флоренци од Рома.
Флоренци упати удар од половина терен и го фати на дремка Тер Штеген, кој немоќно ја следеше топката што заврши зад неговиот грб. Суператрактивен гол на Флоренци и голем кикс на германскиот голман, но Енрике вели дека грешката е негова.
„Јас постојано им велам на голманите да стојат надвор од казнетиот простор. Таков ни е стилот на игра. Овојпат погрешив, но веројатно ваков гол се прима еднаш во сто години“, изјави Енрике. И секако погреши, бидејќи Тер Штеген прими сличен гол и тоа на почетокот на оваа сезона.
Микел Сан Хозе од Атлетик Билбао го совлада Германецот на голот на Барса со удар од половина терен на меч од Суперкупот на Шпанија. По овие два гола најверојатно ќе завршат прошетките на Тер Штеген кои донесоа два прекрасни гола на Флоренци и на Сан Хозе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)