Издавачката куќа „Феникс“ деновиве го објави новиот роман „Дали го сакате Дали“ од писателот Христо Петрески. Ова е трет роман на Петрески, по романите „Лифтот (не) е за двајца“ и „Твоите=мои очи“ со што се заокружува трилогијата негови романи посветени на градот Скопје.
Третиот роман на Христо Петрески е поделен на три дела: „Бел град“, „Црн град“ и „Сив град“, а на крајот има и бонус од четири белградски раскази.
Како и во претходните романи и во оваа најнова романескна книга, петрески го истражува, опишува и демистифицира урбаниот амбиент, со сите негови специфичности, нелогичности и тајни. Така, овојпат, главен лик е анонимниот, но извонреден сликар Салвадор Дали, кој всушност питачи и живее во подрумите на скопската населба Капиштец. Салвадор своите ликовни дела ги подарува за топла чорба или за алкохол, а во Белиот, Црниот и Сивиот град се случуваат и безброј други несекојдневни нешта.
Како измешаност и микс од реалноста и фикцијата, Петрески испишува стварносно-надреална проза, проговорува јасно и недвосмислено, жестоко полемички, откривајќи и разгрмувајќи бројни апсурди, парадокси, случувања, појави и феномени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Голем саем на книгата во „Феникс“
-
Промоција на романот „Манастир Фуентерабија“ од Јагода Михајловска-Георгиева во Библиотеката „Браќа Миладиновци“
-
„Бележникот на татко ми“ од најтиражниот писател од Холандија – Кадер Абдолах
-
Смртна казна за познат писател на крими-романи: Злосторството го прераскажал во роман