Во јули годинава се издадени 359 одобренија за градење, што е за 71,8 проценти повеќе во однос на јули лани, објави денеска Државниот завод за статистика.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 5.576.256.000 денари, што е за 13,6 проценти помалку во однос на јули минатата година. Намалената предвидена вредност се должи на фактот дека во претходниот период беше издадено одобрение за градење на капитален проект за изградба на магистралниот гасовод, делница Клечовце – Неготино.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 231 (64,4 проценти) се за објекти од високоградба, 40 (11,1 процент) за нискоградба и 88 (24,5 проценти) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 359 објекти, на 227 (63,2 проценти) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 132 објекти (36,8 проценти) инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 956 станови со вкупна корисна површина од 72.255 метри квадратни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.