Државите немаат право да ги одбиваат мигрантите и се должни да ги оценат барањата за азил, дури и на оние кои на нивна територија влегле нелегално, нагласи Советот на Европа.
СЕ нагласува дека кога ќе разгледуваат поединечни случаи, државите треба да земат предвид дали одредениот емигрант доколку биде вратен во својата татковина или во транзитната земја ќе биде изложен на опасност од смртна казна или малтретирање, нечовечко однесување и други нарушувања на основите права, вклучувајќи и физичко насилство.
Советот напомена дека не е дозволиво да се донесува одлука врз основа на полот, расата, бојата на кожата, потеклото, јазикот, верата и политичките или другите ставови.
Кога ќе бидат сместени во прифатни центри, емигрантите имаат право на соодветна медицинска грижа и на снабдување со храна.
Задржувањето на мигрантите во затворени центри е крајната можност и претежно треба да се случува пред нивното депортирање, доколку е донесена одлука за тоа.
Задржаните мигранти имаат право да добијат информации за нивната состојба на јазикот, кој го разбираат, како и да им биде обезбедена правна помош. Во текот на целиот период на нивното задржување тие имаат пристап до лекар и до адвокат.
Задржувањето треба да биде што е можно пократко, а во спротивно ќе се смета за правно неосновано, се вели во текстот на СЕ.
Посочените правни обврски на државите од СЕ произлегуваат од ратификувањето на Европската конвенција за човековите права.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)
-
Војници на АРМ стрелале во воздух на границата со Грција за да спречат нелегално минување на мигранти



