| четврток, 6 декември 2018 |

Д-р Битољану: Со от­стра­ну­ва­ње­то на сло­е­ви­те од мр­тви­те кле­тки, ко­жа­та до­би­ва по­у­бав изг­лед

Ми­кро­дер­мо­а­бра­зи­ја­та, всуш­ност, прет­ста­ву­ва ме­ха­нич­ки пи­линг, од­нос­но лу­пе­ње на по­вр­шин­ски­те сло­е­ви на ко­жа­та кои се из­гра­де­ни од ве­ќе изу­мре­ни кле­тки, со по­мош на кри­стал­чи­ња од ди­ја­ман­ти. Овој трет­ман не е агре­си­вен, за­што се от­стра­ну­ва­ат са­мо не­кол­ку по­вр­шин­ски сло­е­ви на ко­жа­та, па та­ка тие сло­е­ви мно­гу бр­зо се об­но­ву­ва­ат, ве­ли д-р Давчева Би­то­ља­ну

Ко­жа­та е нај­го­ле­ми­от ор­ган кај чо­ве­кот. Ка­ко што од­ми­ну­ва вре­ме­то, таа ста­рее. За об­но­ву­ва­ње на ко­жа­та, за по­до­бру­ва­ње на неј­зи­ни­от ква­ли­тет, за израм­ну­ва­ње на пли­тки­те брч­ки и ли­нии, ка­ко и за дру­ги­те трет­ма­ни со кои мо­же да се по­до­бри изг­ле­дот на ко­жа­та, раз­го­ва­рав­ме со д-р Ве­ро­ни­ка Давчева Би­то­ља­ну, дер­ма­то­лог од естет­ско-дер­ма­то­ло­шка­та ор­ди­на­ци­ја „Ви­ви­дерм“.

За што се ко­ри­сти трет­ма­нот ми­кро­дер­мо­а­бра­зи­ја, осо­бе­но кај же­ни­те?

БИ­ТО­ЉА­НУ: Трет­ма­нот ми­кро­дер­мо­а­бра­зи­ја мо­же да се ко­ри­сти и кај ма­жи­те и кај же­ни­те. Се ко­ри­сти во раз­лич­ни це­ли: за об­но­ву­ва­ње на ко­жа­та, за ле­ку­ва­ње на лес­ни до уме­ре­ни об­ли­ци на ак­ни, пли­тки луз­ни од ак­ни или дру­ги со­стој­би, по­врш­ни хи­пер­пиг­мен­та­ции (дам­ки), пос­ле­ди­ци на фо­то­ста­ре­е­ње­то, ка­ко и за израм­ну­ва­ње на пли­тки­те брч­ки и ли­нии.

Ка­ко со овој трет­ман ќе се по­до­бри ква­ли­те­тот на ко­жа­та, кол­ку трет­ма­ни се по­треб­ни и ка­ква е по­стап­ка­та?

БИ­ТО­ЉА­НУ: Ми­кро­дер­мо­а­бра­зи­ја­та всуш­ност прет­ста­ву­ва ме­ха­нич­ки пи­линг, од­нос­но лу­пе­ње на по­вр­шин­ски­те сло­е­ви на ко­жа­та кои се из­гра­де­ни од ве­ќе изу­мре­ни кле­тки, со по­мош на кри­стал­чи­ња од ди­ја­ман­ти. При­тоа, исто­вре­ме­но тие луш­пи, од­нос­но кле­тки се вшму­ку­ва­ат. Овој трет­ман не е агре­си­вен, за­што се от­стра­ну­ва­ат са­мо не­кол­ку по­врш­ни сло­е­ви на ко­жа­та, па та­ка тие сло­е­ви мно­гу бр­зо се об­но­ву­ва­ат, што зна­чи де­ка тре­ба да се по­вто­ру­ва на се­кои две до че­ти­ри не­де­ли, за­вис­но од па­ци­ен­тот. Со от­стра­ну­ва­ње­то на сло­е­ви­те од мр­тви­те кле­тки, всуш­ност, кле­тки­те на ко­жа­та под нив по­лес­но се об­но­ву­ва­ат, а со тоа ко­жа­та до­би­ва по­у­бав изг­лед, свеж, од­мо­рен, и има изед­на­чен тен.

Veronika dermatalog 2 (5) (Custom)

Нај­важ­но од сѐ е да се за­шти­ти­ме од сон­це­то, вели д-р Давчева Битољану

 

Освен за по­до­бру­ва­ње на ква­ли­те­тот на ко­жа­та, се пре­по­ра­чу­ва да се на­пра­ви и за фо­то­ста­ре­е­ње, за ре­ду­ци­ра­ње на брч­ки­те, ак­ни­те и стри­и­те. Кол­ку па­ци­ен­ти­те се еду­ци­ра­ни за овој трет­ман и кол­ку­ми­на са­ка­ат да вло­жат во сво­јот изг­лед? На ко­ја во­зраст е пре­по­рач­ли­во да се за­поч­не, до­кол­ку има­ат проб­ле­ми со ко­жа­та?

БИ­ТО­ЉА­НУ: Па­ци­ен­ти­те ге­не­рал­но се еду­ци­ра­ни за овој трет­ман, ме­ѓу­тоа мно­гу че­сто тре­ба да им се по­јас­нат не­кои пра­ша­ња. Има ин­те­рес за овој трет­ман за­тоа што не е агре­си­вен и по­ста­пен, па му од­го­ва­ра за се­кој чо­век кој са­ка да вло­жи во сво­јот изг­лед на дол­ги па­те­ки, ка­ко што е и нај­до­бро. Ток­му за­ра­ди тоа мо­же да се при­ме­ну­ва кај пом­ла­ди­те на при­мер, ве­ќе од пер­и­о­дот на пу­бер­те­тот, па на­го­ре, до по­зре­ла­та во­зраст.

Трет­ма­ни­те со дер­мо­ро­ле­ри се на ба­за на при­ро­ден на­чин, ка­ко се од­ви­ва­ат и за што се по­треб­ни?

БИ­ТО­ЉА­НУ: Дер­мо­ро­ле­ри­те се всуш­ност вал­ја­чи­ња со 540 иг­лич­ки со раз­ли­чен ди­ја­ме­тар, кои се ко­ри­стат за спро­ве­ду­ва­ње на ме­зо­те­ра­пи­ја, од­нос­но вбриз­гу­ва­ње на ко­кте­ли во ко­жа­та во раз­лич­ни це­ли. Со овој дер­мо­ро­лер, всуш­ност, се по­ми­ну­ва ко­жа­та ко­ја се тре­ти­ра (ли­це, врат, сто­мак, де­кол­те, кос­мат дел од гла­ва и др.) и се пра­ват ма­ли убо­ди до тоа ни­во на ко­жа­та до кое е по­треб­но, па се на­не­су­ва­ат ко­кте­ли (ви­та­ми­ни, хи­ја­лу­рон­ска ки­се­ли­на, ан­ти­о­кси­дан­си, пот­тик­ну­ва­чи на кле­тки­те на ко­жа­та, еле­мен­ти во тра­го­ви и др.). По­тоа се на­не­су­ва хи­дра­тант­на кре­ма. Овој трет­ман се ко­ри­сти за спре­чу­ва­ње на про­це­сот на ста­ре­е­ње (соз­да­ва­ње брч­ки и опа­ѓа­ње на то­ну­сот на ко­жа­та), но и за по­до­бру­ва­ње на изг­ле­дот на ко­жа­та, ка­ко и за от­стра­ну­ва­ње на по­лес­ни хи­пер­пиг­мен­та­ции (дам­ки), на­ма­лу­ва­ње на по­ри­те при ле­ку­ва­ње на лес­ни об­ли­ци на ак­ни, спре­чу­ва­ње на ди­се­бо­реа и ег­зе­ми ка­ко и за от­стра­ну­ва­ње на луз­ни и стрии. Мо­же да се ко­ри­сти и про­тив опа­ѓа­ње на ко­са­та.

Ин­те­рес­но е де­ка има ми­кро­иг­лич­ки, ка­ко тие вли­ја­ат на на­ша­та ко­жа на ли­це­то?

БИ­ТО­ЉА­НУ: Освен убо­ди­те, ми­кро­иг­лич­ки­те, исто та­ка, агре­сив­но вли­ја­ат на кле­тки­те на ко­жа­та и со тоа од­бран­бе­но ги акти­ви­ра­ат, при што соз­да­ва­ат раз­лич­ни ма­те­рии со кои се об­но­ву­ва­ат. Исто­вре­ме­но се зго­ле­му­ва и соз­да­ва­ње­то на крв­ни са­до­ви и се по­до­бру­ва ис­хра­не­то­ста на ко­жа­та.

За кол­ку не­де­ли би се по­стиг­нал ефе­кти­вен трет­ман, од­нос­но би ја има­ле по­са­ку­ва­на­та вид­ли­вост на ко­жа­та на ли­це­то?

БИ­ТО­ЉА­НУ: Ефе­ктот се по­стиг­ну­ва за­вис­но од во­зра­ста на па­ци­ен­тот, од со­стој­ба­та на не­го­ва­та ко­жа, од неј­зи­ни­от од­го­вор, та­ка што би рек­ла де­ка вре­мен­ски­от ин­тер­вал за кој би се ви­дел ефе­ктот е ин­ди­ви­ду­а­лен, но, еве, ако ге­не­ра­ли­зи­рам, нај­че­сто за три до че­ти­ри трет­ма­ни ве­ќе би се ви­дел ефект. Тоа зна­чи по три до че­ти­ри ме­се­ци, за­што трет­ма­ни­те се пра­ват нај­че­сто ед­наш ме­сеч­но.

Veronika dermatalog 2 (4) (Custom)

Трет­ма­нот ми­кро­дер­мо­а­бра­зи­ја се ко­ри­сти за об­но­ву­ва­ње на ко­жа­та, за ле­ку­ва­ње на лес­ни до уме­ре­ни об­ли­ци на ак­ни, пли­тки луз­ни од ак­ни

 

Кол­ку е пре­по­рач­ли­во овие трет­ма­ни да се на­пра­ват во те­кот на лет­ни­от пер­и­од?

БИ­ТО­ЉА­НУ: Ми­кро­дер­мо­а­бра­зи­ја­та и дер­мо­ро­ле­рот мо­же да се пра­ват и за вре­ме на лет­ни­от пер­и­од, но мо­ра да се из­бег­ну­ва сон­це­то и да се ко­ри­стат кре­ми со ви­сок за­шти­тен фа­ктор (50), по­себ­но пр­ви­те два-три де­на по трет­ма­нот, но и по­тоа да се вни­ма­ва кол­ку што е мож­но по­ве­ќе. Се раз­би­ра, мо­јот со­вет е да се на­пра­ват нај­доц­на ед­на не­де­ла пред да се оди на од­мор, а би би­ло по­у­ба­во и по­ра­но.

Важ­но е по­сто­ја­но да ја не­гу­ва­ме ко­жа­та, осо­бе­но ко­жа­та на ли­це­то. Ка­ко да се за­шти­ти­ме во те­кот на ле­то­то?

БИ­ТО­ЉА­НУ:Нај­важ­но од сѐ е да се за­шти­ти­ме од сон­це­то. Тоа зна­чи во пер­и­о­дот од 11 ча­сот до 16 ча­сот во­оп­што да не до­а­ѓа­ме во кон­такт со сон­це, а дру­ги­от дел од де­нот и ко­га мо­ра да сме из­ло­же­ни на сон­це, да но­си­ме об­ле­ка во бе­ла бо­ја или по­све­жа бо­ја коjа не прив­ле­ку­ва сон­че­во зра­че­ње, шап­ки со го­лем обод, очи­ла за сон­це и се раз­би­ра, кре­ми со ви­сок за­шти­тен фа­ктор. Исто та­ка, тре­ба да се пи­јат теч­но­сти и да се ко­ри­стат хи­дра­тант­ни кре­ми кои нав­лаж­ну­ва­ат и ла­дат.

Раз­го­ва­ра­ше: Але­ксан­дра М. Бун­да­лев­ска

Фо­то: Але­ксан­дар Ива­нов­ски

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top