Основниот суд Скопје 1 одреди триесетдневен притвор за дадилката која беше снимена како малтретира деветмесечно бебе.
Вчера попладне Обвинителството соопшти дека се води истражна постапка за малтретирање и за запуштање на дете, против скопјанка која била ангажирана да чува бебе. За ова казнено дело предвидена е казна од една до десет години затвор.
Дадилката од видеото кое ја разбесни Македонија во истражната постапка тврдела дека не е виновна, иако малтретирањето на 9-месечниот Даријан беше снимено со камера.
Родителите на момчето ја ангажирале пред пет месеци, но се посомневале дека жената го малтретира нивниот син кога забележале модринки по неговото тело.
По соопштението на Обвинителството, тетката на бебето на „Фејсбук“ објави видео од скриена камера што ја поставил таткото на бебето, на кое се гледа како дадилката наместо да го чува, го малтретира бебето, но денеска видеото е отстрането од социјалната мрежа. Дел од снимките може да погледнете тука.
Извесен Ванчо Мицев, пак, денеска на социјалните мрежи се претстави како адвокат од Скопје и застапник на дадилката. Тој вели дека од судот веќе побарал снимките да бидат изземени како доказ бидејќи биле неовластено стекнати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Им го подреди животот за 9.500 евра плата месечно: Еве како живее дадилката на идните кралеви!
-
Дадилка монструм малтретирала дете: Мајката забележала модринки, кога ја видела снимката со денови плачела (видео)
-
Нападната дадилка во Прилеп: Ја онесвестил, па врзал, а не украл ништо
-
Шокантна исповед на дадилка на милионер:Изгледаа како совршено семејство, но…



