2,2 милијарди луше користеле електронска пошта во 2012 година, а во виртуелниот простор имало 634 милиони веб сајтови и биле регистрирани 246 милиони домени. Според порталот Mashable најголем имејл сервис бил Гугл, со 425 милиони корисници, а годишно на интернет се поставуваат околу 51 милион нови сајтови.
Во текот на 2012 година биле регистрирани 2,4 милијарди интернет корисници ширум светот и 1.200 милијарди пребарувања на Гугл.
Кога станува збор за социјалните мрежи, минатата година секој ден биле забележани 2,7 милијарди лајкови на Фејсбук, 175 милиони твитови се објавени на Твитер, додека опцијата Гугл+ 1 била користена неверојатни пет милијарди пати дневно.
На крајот на 2012 година во употреба биле 1,3 милијарди паметни телефони, месечно се прегледувале по четири милијарди часови видео содржини на каналот Јутјуб, а дополнително биле прегледани и седум петабајти фотографии на Фејсбук.
Фејсбукуште во октомври ја надмина бројката од милијарда корисници, а Twitter во декември ја надмина бројката од 200 милиони корисници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


