Зоран Заев, четвртиот обвинет во случајот „Пуч“ повторно не дојде на судското рочиште во Кривичниот суд. Судењето повторно се одложи како и пред еден месец, кога претседателот на СДСМ, исто така, не се појави. Обвинителството денеска предложи да му се укине мерката на претпазливост со која Заев беше обврзан да се јавува во судот во Струмица, а наместо тоа, да му се одземе пасошот. За оваа мерка, треба да одлучи Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1.
Следното рочиште е закажано на петти октомври.
Адвокатскиот тим на Заев најави дека ќе бара одлагање на процесот сѐ додека не се избере Специјалниот јавен обвинител, а од судот предупредија дека ако не се појави, тој може да биде стражарно приведен. Заев и уште петмина обвинети се товарат за шпионажа и за насилство кон претставници на највисоките државни органи
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


