Хрватскиот план да ги конвертира кредити во швајцарски франци ги крши законите на ЕУ и билатералните договори за инвестиции, тврадат за „Блумберг” најголемите странски банки кои работат во Хрватска.
Банкарските групации Ерсте груп, Уникредит, ОАО Сбербанк, Рајфајзен банка и Хипо груп Алпе Адриа АГ најавја дека ќе ја тужат хрватската влада ако не го повлече законот за конвертирање на кредити во евра, се вели во заедничката изјава што ја пренесува „Блумберг”.
Министерот за финасии на Хрватска, Борис Лаловац претходно најави конверзија на кредитите во евра по пат на измени во законот за потрошувачки кредити. Министерството за финансии сега работи на нацрт верзијата на овие измени.
За разлика од претходните неслужбени информации, наводно сега е одобрено главниците од кредитите да се конвертираат по курс на денот на исплатата на кредитите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.