| четврток, 6 декември 2018 |

Беснеат пожари во Студеничани, Кондово и Македонски Брод

Повторно е активиран пожарот кај Студеничани крај Скопје, а нови пожари поладнево се појавија и во Кондово и на четири места во општина Македонски Брод, соопшти Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).

pozari-mk03

 

Сува трева и мешана шума гори кај селата Осинчани, Цветово­ Малчиште и патот кој води кон Елово во општина Студеничани. Ангажирани се двата противпожарни авиони, тројца пожарникари на ТППЕ, како и 20 лица од Шумското стопанство (ШС). Пожар има и во атарот на село Крапа во општина Македонски Брод. Во негово гасење ангажирани се двајца вработени од Дирекција за заштита и спасување, тројца пожарникари од ТППЕ, девет лица од ШС и шест лица од месното население. Гори и кај местото Царовец и за негово гасење ангажирани се 20 лица од ШС. Појавени се пожари и кај село Слатина и помеѓу селата Вир и Локвица Во 14:50 часот избувна пожар и во Кондово над медресата. Опожарена е борова шума, а противпожарните авиони на Дирекцијата за заштита и спасување се ангажирани за негово гасење. ДЗС информира дека другите пожари кои се појавија во изминатото денониќие се изгаснати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top