| четврток, 6 декември 2018 |

Жештини: Најтопол септември бил оној во 2008 година во Гевгелија

Највисока температура во Македонија во септември во Македонија била измерена во Гевгелија во 2008 година кога живата во термометрите се искачила на 39,2 степени целзиусови.

Plostad nova fontana (16) (Custom)

 

Според мерењата на УХМР за периодот од 1951 година, во Скопје во септември најтопло било во 1987 година кога биле измерени 36,9 степени целзиусови.

Поради високите температури што на почетокот на месецов ја зафатија Македонија, надлежните прогласија портокалов метео-аларм и препораки за заштита. Температурниот максимум, според синоптичарите, ќе биде во сабота кога се очекуваат максимални 38 степени целзиусови. Освежување се најавува од понеделник кога максималните температури ќе бидат под 30 степени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top