СДСМ со денешните предлози на закони се обидува да биде бледа копија на ВМРО-ДПМНЕ без никакво покритие и без никаков кредибилитет, изјави Илија Димовски, координатор на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ во Собранието на Македонија.
– Зад себе СДСМ нема оставено никакви позитивни политики ниту во областа на работничките права, ниту во образованието, ниту во работата со Буџетот на Република Македонија. Фактот дека СДСМ долго време не работеше и не доаѓаше на работа се гледа и во начинот како несериозно пристапуваат кон одговорноста што ја имаат во Собранието на Република Македонија. Толку се неискусни и желни за поддршка од граѓаните, која ја немаат, што мислат дека носењето на сериозни одлуки е играње на маалска игра. Како и до сега, СДСМ ќе ја лаже јавност, ќе ветува се и сешто, само да им се допадне на граѓаните, но сите паметиме дека секогаш кога беа на власт не исполнија ниту едно свое ветување. Граѓаните од нив паметат запустени и стари училишта без вложен денар за нивна реконструкција или изградба на нови, паметат 200 000 невработени и паметат трошење на буџетски пари за бисери на нивните министерки – изјави Димовски.
Според Димовски, денешните предлози на СДСМ служат само за дневен маркетинг и се без никаква сериозна анализа и можност за реализација.
– Ние нема да дозволиме Собранието да биде злоупотребено за промоција на неодговорната политика на СДСМ. Тие самите знаат дека граѓаните не ги поддржуваат заради немањето на доверба во нив, па сега со вакви неиздржани предлози ќе се обидуваат да привлечат барем мала симпатија. Знаеме дека ќе предлагаат се и сешто, но нема да им дозволиме да си поигруваат со интелегенцијата на граѓаните – рече Димовски.
Координаторот на владејачката партија во врска со предлогот за зголемување на минималната плата, рече дека во време на владеење на СДСМ не постоело минимална плата, иако таа партија имаше предизборно ветување дека ќе ја воведе.
– Ги излажаа граѓаните за да гласаат за нив и после не сработија ништо, исто онака како што ги излажаа дека ќе им вработат по еден член од фамилија. Во време кога СДСМ беше на власт синдикатите неколку пати бараа воведување на минимална плата и секогаш беа одбивани. Во време на СДСМ имаше луѓе кои добиваа минимални 4 000 денари како плата. Првпат во Република Македонија одлука за воведување на минимална плата донесе Собранието со гласови на ВМРО-ДПМНЕ, при тоа одлуките за висината на минималната плата беа донесени со сериозни консултации и согласност од синдикатитие и коморите, односно стопанствениците во државата – дополни Димовски.
– Во врска со предлозите за укинување на екстерното тестирање би истакнал дека ова е крајно несериозен и неодговорен предлог од кој се гледа дека на СДСМ единствено му е важно да прибере некој ситен политички поен врз грбот на децата, а воопшто не води сметка за потребата од континуирано и долгорочно подобрување на квалитетот на нашето образование.
Во врска со реформите во повеќе области на образованието започнати се сериозни и детални консултации со сите релевантни и засегнати страни и прибирање на мислење од експерти, што е неопходно при донесување на сензибилни одлуки. За ваквите постапки информирана е јавноста и тие се спроведуваат континуирано во последните неколку месеци.
Владеачкото мнозинство не сака да прифати оваа тема да биде тема за партиско препукување и поткусурување. Иднината на децата и нивното квалитетно образование не смее да зависи од сегашната политичка безидејност на СДСМ. Тие сакаат да приберат поддршка иако се свесни дека оваа одлука ќе нанесе далекусежни негативни последици на многу деца поединечно.
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе прифати само сериозни предлози кои ќе го подобруваат образованието без разлика од кого доаѓаат, но нема да прифати вакви политички подметнувања. На Македонија и треба решенија за подобрување, а не партиско надмудрување и подметнување како ова денес.
Последно, околу нивните предлози за измени во законите за буџетот на државата, би кажал само неколку работи. Прво, ваква пракса каква што предлагаат не постои во ниту една европска држава. Второ, нивниот предлог е апсурден и физички невозможен бидејќи од буџетот и од сите институции дневно се вршат илјадници трансакции кон физичките лица и кон правните лица. Трето, во насока на максимална транспарентност за приходите и плаќањата од буџетот, Министерството за финансии на месечна основа објавува фискални табели во кои јавно се публикуваат приходите и расходите во буџетот. Четврто, на крајот на секоја фискална година Министерството за финансии до Собранието доставува завршна сметка во која пратениците имаат целосен увид во извршување на буџетот на државата. Петто, по барање на СДСМ пред неколку години отидивме и понатаму па од минатите избори во изборниот период Министерството за финансии на дневна основа ги објавува расходите на сите институции, а податоците можат да се најдат на интернет страната на Министерството бидејќи со закон определивме должност да се гледа трошењето на државните пари – изјави Димовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


