| четврток, 6 декември 2018 |

Џон Спенсер блуз експложн со концерт во МКЦ

Њујоршкото трио „Џон Спенсер блуз експложн“ (The Jon Spencer Blues Explosion) на 4 септември, петок, со почеток во 21 часот во Младинскиот културен центар (МКЦ), Скопје ќе одржат концерт.
unnamed
Вечерта ќе ја отворат милениците на скопската публика, „Д Џон“ (The John). Концертот е во организација на МКЦ, а во соработка со Кино Шишка – Љубљана, Жедно Ухо – Загреб и Поп Депресија и Одличан Хрчак – Белград.
unnamed (1)
„Џон Спенсер блуз експложн“ опасно загризува од Големото јаболко со нивната нова плоча, Freedom Tower – No Wave Dance Party 2015, првото издание од новата ера што мора да помине на „детален преглед“.
Freedom Tower е радикален портрет на Њујорк, сместен во дивиот рафал на Blues Explosion, заглавен и натоварен со најфаталните, ѕверски гитарски рифови што може да ги поднесе примитивната магнетска лента…
Скоро четврт век, Blues Explosion се потеле, се мрзнеле, јаделе, пиеле, имале секс, се тепале, добивале, губеле… сето тоа во Њујорк, проживувајќи ги некои од најбезвременските моменти на музичкиот хаос од историјата на Менхетен и пошироко. Како и секогаш, Jon Spenser ги кажува приказните, Judah Bauer го свири блузот, а Russel Simins растура на тапани… И како и секогаш, Blues Explosion згазува силно врз лажната андерграунд оаза промовирана од хипстерската буржоазија и од маркетинг менаџерите, за да го даде вистинското – рокенрол што е бескомпромисно валкан и силен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top