Апликациите на вашиот паметен телефон кои, додека возите велосипед, ги следат изминатите километри, брзината изминатото време, не се ништо ново, но апаратчето СмартХало овој спорт и рекреација ќе ги измени засекогаш. Со еден збор, со оваа иновација вашиот велосипед ќе стане- Паметен.
СмартХало е уред кој на едноставен начин, со боја и светло сигнализира каде треба да завртите и по кој пат најбрзо ќе стигнете до вашата цел. Се поставува на воланот на велосипедот, а преку блутут се поврзува со мобилниот телефон. Истовремено, ќе ви сигнализира ако некој ве бара на телефон, навечер го осветлува патот, а служи и како аларм против крадците на велосипеди.
Производителите тврдат дека батеријата може да трае и до три недели. Се очекува во продажба да се најде во мај 2016 година по цена од 149 американски долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)