| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски на конференција за Запaден Балкан во Виена

DSC_1460
Под покровителство на австрискиот канцелар Вернер Фајман, во Виена денеска се одржува Самит за Западен Балкан, на кој учествуваат премиерот Никола Груевски, заменик претседателот на Владата Владимир Пешевски, министерот за надворешни работи Никола Попоски и министерот за економија Беким Незири.
Самитот се одржува во континуитет на „Берлинскиот процес“, инициран со Берлинската конференција за Западен Балкан, која се одржа под покровителство на германската канцеларка Ангела Меркел во август 2014 година.
На Виенската конференција, како што соопшти македонското МНР, покрај премиерите на земјите од Западен Балкан, учество ќе земат и германската канцеларка Ангела Меркел, италијанскиот премиер Матео Ренци, потпретседателот на Европската комисија Федерика Могерини, претседателот на Европската банка за обнова и развој Сума Чакрабарти, претседателот на Европската банка за инвестиции Вернер Хојер, потпретседателот на Светската банка Лора Тук, како и официјални претставници на Словенија, Хрватска и на Франција, која е следен домаќин на оваа конференција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top