| четврток, 6 декември 2018 |

Тешка повреда на Гребил, Монпелје останува без францускиот репрезентативец во ЛШ

Еден од најдобрите млади ракометари во светот, левиот бек на Монпелје и француската репрезетанција, Матје Гребил повторно заработи тешка повреда која ќе го оддалечи од терените најмалку шест месеци.
Противникот на РК Вардар во групната фаза од Лигата на шампионите повторно нема да може да смета на одличниот бек и оваа сезона.
Последната повреда на Гребил е скинати предни вкрстени лигаменти на коленото и посеизгледа ќе ја пропушти цела сезона во Лигата на шампионите и нема да може да учествува на Европското првенство во Полска во јануари 2016.
Франција се наоѓа во групата со Македонија која и покрај повредата на Гребил важи за изразит фаворит.
Враќањето на терените најрано би можело да биде во последното коло од ЛШ кога Монпелје му гостува на Вардар во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top