Раководителите на деловните субјекти во преработувачката индустрија оценуваат дека индикаторот на доверба во јули годинава во однос на претходниот месец е зголемен за 0,6 проценти, а во однос на јули лани за 6,8 процентни поени, објави Државниот завод за статистика.
Според нив, состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во јули 2015, во однос на јуни 2015 година, е поповолна, како и очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци, додека залихите на готови производи сe зголемени.
Оценката за економската состојба на деловните субјекти и за бројот на вработени во јули 2015 година е речиси на еднакво ниво како во претходниот месец, а e поповолна во однос на јули 2014 година.
Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во јули 2015 година изнесува 63,6 отсто од нормалното искористување, а најголемо влијание на ограничувањето на обемот на прозводството имаат недоволната странска побарувачка со 24,7 отсто, недостигот на квалификувана работна сила со 24,7 отсто, недоволната домашна
побарувачка со 23,8 отсто и конкурентниот увоз со 6,1 процент.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.