| четврток, 6 декември 2018 |

Зошто на Земјата се менуваат годишни времиња?

Многумина веруваат дека во текот на летото нашата планета е поблиску до Сонцето, а зимата подалеку, поради што температурата и временските услови толку многу се разликуваат во овие годишни времиња.

Често во книгите можеме да видиме приказ на Земјиното патување даден во перспектива, кое изгледа како развлечена елипса. За жал, таа неправилна слика многумина ја паметат за секогаш. Вистината е нешто поинаква: Земјиното патување толку малку се разликува од кружница, што ако ја нацртате правилно едвај ќе забележите дека не е круг, објавува „Национална географија“.

Меѓутоа, колку и да е Земјата далеку или блиску до Сонцето, оваа оддалеченост не влијае на временските околности на Земјата.

Земјината оска е замислена линија што поминува низ центарот на планетата од врвот до дното. Земјата ротира околу таа оска, правејќи еден полн круг. Секој дел од Земјината површина, во текот на ротацијата поминува низ истите услови и затоа имаме ден и ноќ.

Тогаш од каде пролет, лето, есен и зима?

Како што е објаснето на сајтот на НАСА, нашата планета има годишни времиња бидејќи нејзината оска не стои вертикално. Напротив, замислената оска што поминува преку Северниот и Јужниот Пол е малку накосена (моментно 23,4 степени).

Како што се врти Земјата околу Сонцето, нејзината накосена оска секогаш е насочена кон ист правец. Значи, во текот на цела година, различни делови на земјата добиваат директни сончеви зраци. Понекогаш Северниот Пол е повеќе завртен кон Сонцето, околу јуни, а понекогаш во таа позиција е Јужниот Пол, околу декември.

За северната хемисфера, тоа е лето во јуни бидејќи тој дел на Земјата е поизложен кон Сонцето, а зимата во декември бидејќи тогаш е поодалечен. Во јужната хемисфера состојбата е обратна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top