| четврток, 6 декември 2018 |

Тигрестиот комарец пренесува нов вирус

Жителите на јужна Франција, посебно на нејзиниот југоисточен дел, се вознемирени поради појавата на тигрестиот комарец, познат под латинско име Аедес Албопицтус, затоа што тој предизвикува две познати болести на тропски грозници – денга и шикунгуја, но според францускиот Висок совет за јавно здравје, комарецот пренесува и еден друг загрижувачки вирус – зика.

14082015115536_tigrest komarec

Вирусот зика може да предизвика висока температура, болки на мускулите, кожни реакции и невролошки компликации.
Засега нема ниту лек, ниту вакцина за оваа многу малку позната инфекција.
Во најтешките случаи на инфекција, погодени се и мускулите на грлото, кои помагаат при голтањето и дишењето.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top