| четврток, 6 декември 2018 |

Стартува рехабилитација на пет регионални патишта, инвестиција вредна 22 милиони евра

Во втората половина на август почнуваме со рехабилитација на пет регионални патни правци во должина од 70 километри, инвестиција вредна 22 милиони евра, информира денеска премиерот Никола Груевски.

patista

Одговарајќи на новинарски прашања при посетата на плажата во Стење, истакна дека ќе се реконструираат патните правци Битола – Ресен – Буково, Смоларе – Мокрино, Брвеница – Гостивар…

– Покрај овие пет регионални патишта, континуирано работиме и на автопатиштата. Таму работите одат добро, нема застои се се движи со добра динамика, според планираното. Работите и на патиштата и на автопатиштата се одвиваат со добра динамика и согласно планот, нагласи Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top