Францускиот производител на автомобили „Рено“ официјално го претстави новиот модел во средната класа, „талисман“ со кој се надеваат дека ќе се вмешаат во борбата за врвот во средната класа. Задачата на „талисман“ е да ги замени веќе застарените модели „лагуна“ и „латитуд“, кој, сепак, не беше толку успешен на пазарот.
Обидот на Рено е да се дистанцира од „лагуна“ и затоа создаде автомобил со сосема нов дизајн, базиран на новата ЦМФ-платформа.
Талисман е долг 4,85, широк 1,87 и висок 1,46 метри, а неговото меѓуоскино растојание изнесува 2,81 метри, што е за пет сантиметри подолго од моделите „лагуна“ и „латитуд“. Капацитетот на багажниот простор изнесува неверојатни 608 литри.

Кога ќе се погледне овој автомобил, прво што паѓа в очи е маската на предниот дел на која централно е позициониран амблемот на компанијата. Решетката за ладилникот е масивна, со што се намалува визуелната сличност со другите автомобили од истата класа. Како решение за осветлувањето „Рено“ вгради техонологија со ЛЕД во предните и во задните светилки, како и во дневните светилки, кои личат на буквата Ц. Задните светилки се издвојуваат со тоа што имаат тридимензионален ефект.

„Талисман“ е класична лимузина со четири врати, а тоа што го прави посебен е квалитетот на изработката и просторот што е достапен во внатрешноста, која малку потсетува на „рено еспејс“, и има голем број прегради, кои достигнуваат и до 25 литри.
Просторот за колената на задните седишта изнесува 262 милиметри, што е најголем во овој сегмент на возила. Предните седишта можат да се приспособат во десет позиции, а се опремени и со масажери.
Основниот модел има 4,2-инчен централен екран, а купувачите што сакаат да го добијат „талисман“ со побогата опрема ќе добијат 8,7-инчен екран во боја, кој е дел од новиот мултимедијален систем на „Рено“, кој е усогласен со музички систем со 13 звучници.

„Рено талисман“ ќе биде достапен со два бензиски мотора, од 150 и од 200 коњски сили, со турбина кои ќе користат седумстепен автоматски менувач. Дизелските агрегати, кои, исто така, имааt турбини, ќе се нудат со 110, 130 и 160 коњски сили со шестостепен мануелен менувач или со седумстепен автоматски менувач.
Најдобрата верзија, „интиале париз“, ќе биде препознатлива по специфичната црна метална боја со уникатни 19-инчни бандажи и специфични одбележја на екстериерот и на ентериерот. Внатрешноста ќе биде обложена со напа-кожа. Страничните прозорци се затемнети, а има и специјални патосници.

Светската премиера е закажана за Саемот на автомобили во Франкфурт во септември, по што се очекува веднаш да стартува и продажбата. Цената сѐ уште не e достапна, но се очекува да биде конкурентна на ривалите „мазда 6“, „мондео“, „пасат“ и „инсигнија“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


