Повеќе од 240 илјади луѓе, меѓу кои 12.000 деца, загинаа досега во војната во Сирија, која почна во март 2011 година, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права.
Според најновите податоци на оваа група со седиште во Лондон, која се потпира на широката мрежа на извори на терен, во Сирија животот го загубиле 240.381 лице, што е речиси за 10.000 повеќе во однос на податоците од 9 јуни, пренесува Ал Џазира.
Во судирите загинале 71.781 цивил, вклучувајќи 11.964 деца, наведува Сириската опсерваторија.
Најмалку 88.616 припадници на сириските безбедносни сили загинаа, или една третина од вкупниот број настрадани, од кои 50.570 се војници, додека другите жртви се придружни борци.
Меѓу загинатите се 42.384 бунтовници и 34.375 странски борци, додека на 3.225 лица што загинале не им е познат идентитетот, се додава во соопштението.
Судбината на 30 илјади лица што се водат како исчезнати, вклучувајќи и 20.000 за кои се верува дека се во сириските затвори, не се документирани во овој биланс.
Не е земена предвид ниту судбината на илјадници припадници на силите лојални на режимот што се во заробеништво на бунтовничките фракции или на групата Исламска држава, пренесува Танјуг.
Грѓанската војна што беснее во Сирија почна пред повеќе од четири години со антивладини протести и жестока пресметка на властите со демонстрантите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст