| четврток, 6 декември 2018 |

Македонецот Стефан меѓу уапсените во „Ќелија“ – ја сменил верата и се борел во Сирија

кели 

Македонецот Стефан С. е меѓу приведените девет лица во полициската акција “Ќелија” дознава Press24 од извори во истрагата. Според нашиот извор Стефан пред одредено време ја сменил православната вера и преминал во ислам. Информациите велат дека тој во повеќе наврати бил во Сирија и се борел на страната на ИСИС.

Во Македонија негова задача била да регрутира нови борци. За да биде поубедлив тој си го сменил и личното име со муслиманско. Полицијата утрово заедно со Стефан приведе уште осум лица меѓу кои и имам од џамиите Тутунсуз и Јаја Паша. Покрај нив се трага по уште 27 лица од кои за 20 мина се претпоставува дека се уште се на боиштата во Сирија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top