Успешните мажи секогаш се попривлечни од тие што можете да ги најдете во речиси секое кафуле или спортска обложувалница. На големо и пријатно изненадување, и мажите бараат исти такви жени – успешни и помалку достапни.
Според нив, фаталната жена би требало да ги има овие 4 карактеристики:
1. Да има свој живот
Пријателки, колеги од работа, хоби… Интересната жена не очекува дека момчето треба да ѝ ја исполни секоја минута во денот.
2. Да има пополнет распоред
Не го чека повикот од момчето, туку се занимава со своите планови. Момците секогаш сакаат да имаат девојка околу која треба да се потрудат, а не девојка што мирно ќе ги чека дома.
3. Да има мислење
Некои жени знаат само да кимаат со главата на секој збор, затоа што се плашат дека момчето или мажот ќе ги остави. Ова е погрешно затоа што ретко кој маж ги почитува тие жени.
4. Не е секогаш достапна
Жената што понекогаш не се јавува затоа што е преокупирана со обврски е секогаш поинтересна од таа што се јавува штом телефонот заѕвони. Секако, без многу претерување и игнорирање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.