Постојаниот арбитражен суд соопшти дека поднел оставка Будислав Вукас, па ја повика Хрватска да во рок од 15 дена да именува нов арбитер, околу постапката за излегување од арбитражата што се води околу Пиранскиот залив која ја започна Загреб.
– Сега останува на Република Хрватска да именува нов арбитер кој би го заменил професорот Вукас како член на судот- стои во соопштението, каде се додава дека ако земјата тоа не го стори во дадениот рок од 15 дена, претседателот на арбитражниот совет ќе избере нов член.
Хрватска го именуваше Вукас во петчлениот арбитражен совет. Државата пак во четвртокот започна постапка за престанок на Договорот за арбитража меѓу Хрватска и словенечката влада заради повреда на договорот од словенечка страна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.