| четврток, 6 декември 2018 |

Оливер Драгојевиќ ќе пее на „Тиквешки гроздобер“

Хрватскиот кантавтор Оливер Драгоевиќ, македонската рок атракција „Ареа“, идолот Христијан Тодоровски, српскиот бенд „Зарѓали Ексер“, кавадаречката поп дива Наташа Малинкова и „Ју ту трибјут бенд“ се само дел од музичките ѕвезди кои ќе настапат на годинашното издание на традиционалната стопанско-културна манифестација „Тиквешки гроздобер“.
oliver-dragoevic03
Според информациите од организаторот, настапот на далматинската легенда Оливер Драгоевиќ е предвиден за во сабота, 29 август, веднаш по завршувањето на карневалското дефиле кое ќе започне во 20 часот од кружниот тек во Кавадарци. За во петок се предвидени концертите на Христијан Тодоровски, „Ареа“ и „Зарѓали Ексер“, додека во недела публиката ќе ја забавуваат  „Ју ту трибјут бенд“ и Наташа Малинкова.
Музичкиот лајнап ќе се комплетира до крајот на месецот, а според информациите се очекува најмалку уште едно големо македонско или име од екс ју земјите да го потврди својот настап на годинашното издание на Тиквешкиот гроздобер кој ќе се оддржи од 28 до 30 август

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top