Босанскиот репрезентативец и член на Манчестер Сити, Еден Џеко, е жртва на измама бидејќи платил 2,6 милиони евра за куќа во Дубровник, но неможе да биде запишан како сопственик.
Тој неодамна ја исплатил потребната сума на пари за луксузна куќа во Дубровник со поглед на море, на сопствениците Лидија и Стипе Пашалиќ веќе го имале ставено тој објект под залог.
Брачниот пар во 2011 година земале приватна позајмица од Иве Јанковиќ за кој го заложиле објектот во висина од 721.474 евра.
Освен Јанковиќ, право на дел од куќата има и агентот за недвижнини Анте Акрап кој посредувал во купопродажбата и треба да добие 63.000 евра.
Адвокатот на Един Џеко, Зоран Антуновиќ изјави дека неможе да говори за деталите од купопродажбата, но нпотенцираше дека Џеко воопшто не е загрижен и дека рационално пристапува на проблемот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



