Тоа што ви е потребно за да ја преточите оваа идеја во дело е стратегиски искомбинирана исхрана и намирници што не поттикнуваат задржување вода и лоши материи во телото.
Не можете да добиете формирани стомачни мускули преку ноќ, но затоа можете да ја намалите подуеноста, што е прв чекор кон рамен стомак.
Тоа што ви е потребно за да ја преточите оваа идеја во дело е стратегиски искомбинирана исхрана и намирници што не поттикнуваат задржување вода и лоши материи во телото.
Ви претставуваме мени што за 24 часа ќе ви го израмни стомакот:
Појадок
– зобна каша и 1 шолја бобинки
или
– 2 тврдоварени јајца и 1 шолја бобинки
Утринска ужина
– 1 рака јаткасто овошје и 1 портокал
или
– стапчиња од целер со 2 мали лажички путер од кикиритки
Ручек
– салата од: 2 големи шолји листест зеленчук, 1 краставица, 2 домати, 2 помали изрендани моркови, 1 авокадо, 1 тврдо варено јајце, мала лажичка семки (од сончоглед, тиква…), масло, лимон, оцет
Попладневна ужина
– 200 мл јогурт со малку цимет
или
– една шолја изрендана свежа краставица со копар и две лажици јогурт
Вечера
– печено филе од лосос, бланширан спанаќ со маслиново масло и лук, запечен коренест зеленчук (компир, морков, цвекло…)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


