| четврток, 6 декември 2018 |

Ро­бер­ти­на Ме­че­ска: Ја гледав смртта в очи, сега со цело срце сум со ракометот

Со це­ло ср­це са­кам да му се вра­там на ра­ко­ме­тот. Са­кам да сум по­до­бра од по­ра­но, тоа ми е цел, ка­ко што ми е цел и да го осво­јам Монт Еве­рест . Не се отка­жу­вам од Ма­ке­до­ни­ја, не се отка­жу­вам од дре­сот

Таа ва­жи за бо­рец на те­рен, ви­стин­ски про­фе­си­о­на­лец над­вор од те­ре­нот. По заз­дра­ву­ва­ње­то од па­дот од пет­ти кат од неј­зи­ни­от стан во скоп­ски Ае­ро­дром, стру­жан­ка­та, ко­ја е дел од ма­ке­дон­ска­та ра­ко­мет­на ре­пре­зен­та­ци­ја, е под­го­тве­на за но­ви ус­пе­си и за но­ви пре­диз­ви­ци. Ве­ли тоа што би­ло оста­ну­ва зад неа. Таа по­втор­но е во исти­от стан, бла­го­дар­на на Бо­га што сѐ уште има мож­ност да ужи­ва во жи­во­тот.  Актив­на е, под­го­тву­ва свој камп во Стру­га.

Robertina Mircevska rakometarka (1) (Custom)

Под­го­тву­ваш ра­ко­ме­тен камп во Стру­га од 17 август. Што е тоа што ќе го на­пра­ви тво­јот камп по­и­на­ков. Имав­ме не­кол­ку кам­по­ви, ме­ѓу кои и кам­пот на Ки­ре Ла­за­ров, на Ле­киќ.

Ме­че­ска: Да, на ред е че­твр­ти­от камп,  прв камп во мо­ја­та ра­ко­мет­на ка­ри­е­ра, но тоа не зна­чи и пос­ле­ден. За прв­пат де­ца­та ќе има­ат мож­ност да учат од ме­не. Глав­но, го­ди­на­ва ќе би­де со до­маш­ни ра­ко­ме­та­ри и ра­ко­ме­тар­ки, а пла­нот е в го­ди­на да би­де ин­тер­на­ци­о­на­лен. Иде­ја­та за овој камп ми дој­де ле­то­во, ко­га ги по­се­тив кам­по­ви­те на Ла­за­ров, на Ле­киќ и на „Ме­та­лург“. Ед­на ве­чер вра­ќај­ќи се кон Стру­га од кам­пот во Охрид, во­зеј­ќи ве­ло­си­пед до­бив иде­ја и јас да на­пра­вам свој камп. Инс­пи­ри­ра­на од тоа ка­ко се за­ба­ву­ва­ат де­ца­та, а исто­вре­ме­но тре­ни­ра­ат и учат, иста­та ве­чер оти­дов во од­мо­ра­ли­ште­то „Мај­ски цвет“. Пра­шав за сме­сту­ва­ње и вед­наш се фа­тив за ра­бо­та. Са­ма го ор­га­ни­зи­рам овој камп, са­ма ба­рам спон­зо­ри, ор­га­ни­зи­рам сѐ. Пла­ни­рам мно­гу по­да­ро­ци, за­ба­ва на брод со швед­ска ма­са.

robertina

Ка­ков е ин­те­ре­сот кај де­ца­та?

Ме­че­ска: Има де­чи­ња, кам­пот го не­мам про­мо­ви­ра­но  ме­ди­ум­ски. Ле­киќ и Ла­за­ров пет ме­се­ци го ор­га­ни­зи­раа, јас поч­нав пред еден ме­сец. Мно­гу од де­ца­та не зна­ат де­ка ќе има камп.  Не­мам ни­ка­де рек­ла­ма, освен на „Фејс­бук“, ка­де што са­ма об­ја­ву­вам. Зна­ат тие што ме сле­дат на „Фејс­бук“, се при­ја­ву­ва­ат. Ако има по­го­лем број при­ја­ве­ни, има мож­ност и за вто­ра сме­на.

Има по­себ­ни ус­ло­ви за тие де­ца што по­тек­ну­ва­ат од тво­јот ро­ден град, Стру­га?

Ме­че­ска: Да, це­на­та за си­те дру­ги е 9.000 де­на­ри, а за де­ца­та од Стру­га е 6.000 де­на­ри за тие што ќе спи­јат во „Мај­ски цвет“. Тие де­ца што ќе спи­јат до­ма ќе пла­ќа­ат по 2.200 де­на­ри. Си­те ќе ги до­би­јат си­те по­год­но­сти.  Де­ца­та ќе би­дат пре­че­ка­ни со му­зи­ка, со гру­па во жи­во. Са­кам со пес­на да го поч­не­ме кам­пот и со пес­на да го за­вр­ши­ме.

Се­га имам по­и­на­ков на­чин
на гле­да­ње на жи­во­тот
за­тоа што не­кол­ку­па­ти
ја гле­дав смрт­та в очи.
Ко­га бев во бол­ни­ца имав
те­шко­тии со ди­ше­ње­то,
имав бол­ки,
еден ме­сец бев во шок-со­ба

Ка­ква е под­др­шка­та од ко­ле­ги­те? Ќе има дел од нив во кам­пот?

Ме­че­ска: Ќе има мно­гу го­сти за­тоа што кам­пот се одр­жу­ва во исто вре­ме со тра­ди­ци­о­нал­ни­от ра­ко­ме­тен тур­нир во Стру­га. Тоа е ин­тер­на­ци­о­на­лен тур­нир на кој до­а­ѓа­ат мно­гу до­бри ра­ко­ме­та­ри и дел од нив ќе би­дат по­ка­не­ти да би­дат го­сти. Ќе има по­ра­неш­ни и се­гаш­ни ре­пре­зен­та­ти­вки, ка­ко и мла­ди по­тен­ци­јал­ни ра­ко­ме­тар­ки од  Ме­та­лург. Ќе има и ко­ле­шки од  Вар­дар, до­кол­ку во тој пер­и­од не­ма­ат об­вр­ски кон клу­бот. Мно­гу од мо­и­те ко­ле­шки што игра­ат во странс­тво не­ма да мо­жат да дој­дат. Со де­ца­та ќе има­ме груп­но сле­де­ње на нат­пре­ва­ри­те на тур­ни­рот. Ќе има по­се­бен дел за де­ца­та од кам­пот, ќе се на­пра­ви ком­би­на­ци­ја да има и тре­нинг, и сле­де­ње нат­пре­ва­ри, но да има и за­ба­ва, оде­ње на пла­жа, по­се­та на Вев­чан­ски­те Из­во­ри, про­ше­тка со па­но­рам­ски авто­бус. Ќе се оди до ма­на­сти­рот „Св. Бо­го­ро­ди­ца“. Ве­ту­вам до­бра за­ба­ва. Ба­рам спон­зо­ри, по­треб­на ми е под­др­шка. Дип­ло­ми­те не­ма да би­дат обич­ни, ќе би­дат на ха­мер, на­цр­та­ни со гра­фич­ки мо­лив што не се бри­ше.

Robertina Mircevska rakometarka (2) (Custom)

Ка­ко поч­на да се за­ни­ма­ваш со ра­ко­мет?

Ме­че­ска: Поч­нав во Стру­жан­ка во да­леч­на­та 1995 го­ди­на, на мо­ја 11-го­диш­на во­зраст. Са­кав да играм ко­шар­ка. Бев го­лем обо­жа­ва­тел на Де­јан Јо­ва­нов­ски и на таа ге­не­ра­ци­ја. Еден ден де­до ми гле­да­ше ра­ко­мет. Го пра­шав што спорт е тоа. Ми ка­жа де­ка е ра­ко­мет, ми об­јас­ни ка­ко се игра, кои се игра­чи­те. Ги па­ме­там  Бо­ро Чур­ле­ски, Том­че Пе­тре­ски. Си ре­ков не е ло­шо ова, ама са­кам да би­дам ко­шар­кар­ка. Но во Стру­га не­ма­ше ко­шар­ка. Ко­га ми ка­жаа де­ка има ра­ко­мет, ре­ков ОК,  са­мо да е со топ­ка. Но ма­ла бев, мо­рав да че­кам ед­на го­ди­на и во пет­то од­де­ле­ние поч­нав со тре­нин­зи. Бев­ме 50-60 де­ца и се те­пав­ме за топ­ка. На крај оста­нав са­мо јас. По­тоа оти­дов во Ко­ме­тал, Еу­ро­стан­дард, па пак Ко­ме­тал и па­ра­лел­но во Ку­ма­но­во, во Ср­би­ја, во Тур­ци­ја, Ме­та­лург, пак во Тур­ци­ја не­кол­ку ме­се­ци и оти­дов во Вар­дар.

Се­га е па­у­за од ра­ко­ме­тот. Но по­жр­тву­ва­но­ста, бор­бе­но­ста и упор­но­ста се ка­ра­кте­ри­сти­ка на Ро­бер­ти­на Ме­че­ска. Да­ли пла­ни­раш да му се вра­тиш на ра­ко­ме­тот по не­сре­ќа­та што ја има­ше?

Ме­че­ска: Со це­ло ср­це са­кам да му се вра­там на ра­ко­ме­тот. Са­кам да сум по­до­бра од по­ра­но, тоа ми е цел, ка­ко што ми е цел и да го осво­јам Монт Еве­рест. Имав те­шка опе­ра­ци­ја на ’рбе­тот, имам шест шра­фо­ви и две прач­ки и тие тре­ба да се от­стра­нат за пак да за­и­грам. Ра­ко­ме­тот во­оп­што не е не­жен спорт, осо­бе­но на мо­ја­та по­зи­ци­ја, пи­кер.  До­ктор  Хри­сти­јан Ко­стов, кој ме опе­ри­ра­ше, ре­че де­ка во мај ќе ми ги из­ва­дат прач­ки­те. Ако не, ми ре­че, са­ма ќе си ги ва­дам… Ко­га слуш­на де­ка го осво­ив вр­вот од 2.258 ме­три над­мор­ска ви­со­чи­на на не­пол­ни че­ти­ри ме­се­ци од мо­јот пад, бе­ше во шок, не мо­же­ше да по­ве­ру­ва ка­кво чу­до сум јас. Не дај Бо­же да се слу­чи не­што со прач­ки­те, ќе оста­нам ин­ва­лид.

Не­ма да се отка­жам од Ма­ке­до­ни­ја. Сѐ уште ќе би­дам ка­пи­тен во октом­ври. Мо­жам да истр­чам и да шут­нам пе­нал. Са­кам да сум ка­пи­тен и под­др­шка од клу­па. И са­кам да сум по­мош­ник-тре­нер на глав­ни­от се­ле­ктор што ќе би­де из­бран на­ред­ни­ве ме­се­ци. Не са­кам да се отка­жам од дре­сот.  Би са­ка­ла и, до­кол­ку имам мож­ност, да пот­пи­шам со не­кој клуб, ка­ко на при­мер со Вар­дар, не мо­ра во прв тим, мо­же и во втор за да имам ли­цен­ца. Зо­што да не би­дам и по­мо­шен тре­нер на Си­ме во вто­ри­от тим на Вар­дар, а да би­дам и со дрес, со опре­ма, за да би­дам ре­гу­лар­но при­ја­ве­на во ре­пре­зен­та­ци­ја?

mecevska-robertina-615x400

Упор­но­ста и бор­бе­но­ста ги до­ка­жа со актив­но­сти­те по па­дот – во­зе­ње ве­ло­си­пед, иска­чу­ва­ње на по­ве­ќе вр­во­ви.

Ме­че­ска: Мно­гу са­кам осво­ју­ва­ње вр­во­ви. На 7 ју­ни се ка­чив на Црн Врв. Се­га се иска­чив на ’Ртањ во Ср­би­ја. Тоа е пла­ни­на ка­ко пи­ра­ми­да. Не е мно­гу ви­со­ка, 1.560 ме­три, но е те­жок те­рен. Цел ден бев на пла­ни­на. Ми оте­ку­ва­ат но­зе­те, ко­ле­на­та ми оте­ку­ва­ат. До­кто­ри­те ми ре­коа да не пре­те­ру­вам. Во сеп­тем­ври пла­ни­рам да го иска­чам Ко­раб, нај­ви­со­ки­от врв во Ма­ке­до­ни­ја. По­тоа пла­ни­рам да го иска­чам и Монт Еве­рест. Ако ме под­др­жи фи­нан­си­ски Вла­да­та, јас сум под­го­тве­на. Бла­го­дар­на сум на Бо­га што по сѐ ми да­де да би­дам ва­ква, ужи­вам во жи­во­тот.

Жи­ва сум,
не сум ин­ва­лид,
среќ­на сум,
имам мно­гу пла­но­ви,
су­пер ми е

Ка­ко гле­даш на жи­во­тот по па­дот од пет­ти кат?

Ме­че­ска: Мно­гу по­у­ба­во. Се­га имам по­и­на­ков на­чин на гле­да­ње на жи­во­тот за­тоа што не­кол­ку па­ти ја гле­дав смрт­та в очи. Ко­га бев во бол­ни­ца имав те­шко­тии со ди­ше­ње­то, имав бол­ки, еден ме­сец бев во шок-со­ба. Мно­гу те­жок пер­и­од, не мо­жев да се по­ме­стам од ме­сто. По­тоа по­ми­нав две не­де­ли на од­де­ле­ние на тра­у­ма. Имав го­ле­ма под­др­шка од мај­ка ми, од мо­е­то мом­че, мо­ја­та при­ја­тел­ка Мил­ка. Имав под­др­шка од ме­ди­у­ми­те, од мно­гу при­ја­те­ли, слу­шав и чи­тав де­ка си­те се мо­ле­ле за ме­не. И од клу­бот Вар­дар, од ре­пре­зен­та­ци­ја. Го­ле­ма бе­ше под­др­шка­та за да би­дам де­нес тоа што сум, им бла­го­да­рам на си­те што беа со ме­не и што не­се­бич­но ја да­ваа љу­бо­вта за ме­не. Му бла­го­да­рам на це­ли­от ме­ди­цин­ски пер­со­нал во Скоп­је и во Стру­га. Јас це­ло вре­ме бев свес­на, освен пр­ви­те не­кол­ку де­на ко­га бев под се­да­ти­ви.

Germany vs Macedonia

Се гле­дав, зна­ев што се слу­чу­ва, раз­го­ва­рав, но имав го­ле­ми бол­ки. Нај­го­ле­ма бла­го­дар­ност до Бог што ме оста­ви да сум жи­ва и здра­ва, што се­га сум мно­гу по­сил­на, имам мно­гу по­го­ле­ма по­зи­тив­на енер­ги­ја, што гле­дам на жи­во­тот без те­шко­тии, ми­нор­ни се си­те проб­ле­ми. Нај­важ­но е што сум здра­ва. Ам­би­ци­оз­но вле­гу­вам во овој жи­вот што ми е поб­ли­ску до Бо­га отка­ко пад­нав. Са­кам да отво­рам ра­ко­мет­ни шко­ли, не са­мо  во Скоп­је, ту­ку и во Стру­га, Ва­лан­до­во, Охрид, Де­мир Ка­пи­ја, Вев­ча­ни, мо­же­би и во Ве­лес, во гра­до­ви ка­де што е за­по­ста­вен ра­ко­ме­тот. Ќе гле­дам да би­дам се­ка­де по мал­ку, ќе по­ста­вам тре­не­ри што се про­фе­со­ри по фи­зич­ко, ќе им да­вам про­гра­ма за ра­бо­та, а ко­га ќе мо­жам ќе ги по­се­ту­вам де­чи­ња­та.

По­и­на­ку гле­даш на ра­бо­ти­те, ги за­не­ма­ру­ваш проб­ле­ми­те и сфа­ќаш  де­ка не се тол­ку бит­ни во жи­во­тот, не зас­лу­жу­ва­ат вни­ма­ние.

Ме­че­ска: Се­ка­ко, во­оп­што не се оп­то­ва­ру­вам со ни­што.  Јас сум среќ­на што имав тол­ку мал­ку по­вре­ди, има­ше го­ле­ма ве­ро­јат­ност да би­дам ин­ва­лид ако оста­нев жи­ва. Но жи­ва сум, не сум ин­ва­лид, среќ­на сум, имам мно­гу пла­но­ви, су­пер ми е. Та­ка не­ка им би­де на си­те – не­ка не се оп­то­ва­ру­ва­ат со ни­што, тоа што би­ло по­ми­на­ло, се­кој има проб­ле­ми во жи­во­тот, но на нив тре­ба да гле­да­ме по­по­зи­тив­но. Сѐ мо­же да се слу­чи во жи­во­тот, но не­ма по­тре­ба од на­вра­ќа­ње на­на­зад. Сѐ мо­же да се ре­ши.

Разговараше: Билјана Зафирова
Фото: Александар Ивановски
Видео: Илија Јовановски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top