| четврток, 6 декември 2018 |

Фх3х дел од петтиот дел на „Невозможна мисија“, премиера в четврток

Македонската компанијата за анимација и визуелни ефекти ФХ3Х објави уште една успешна соработка и учество во визуелните ефекти, овој пат на петтото продолжение на популарната „Невозможна мисија“ на Том Круз, наречено „Одметници“ (Rogue Nation).

– За првпат станавме дел од оваа серија и на овој проект работевме во текот на февруари и март годинава, со тим од дваесет артисти. „Невозможна мисија“ е на листата на најуспешни франшизи бидејќи досега претходните четири заработија над 2 милијарди американски долари на глобално ниво. Филмот е брз и динамичен, возбудлив и полн со адреналин, и промовира софистицирана технологија, меѓу другото, системот „конект драјв“ на БМВ, кој се користи во фантастични автомобилски егзибиции, кои со нетрпение ги очекуваме – вели Кристијан Даниловски, косопственик на ФХ3Х.

Во петтото продолжение додека агенцијата на Итан е распуштена, Синдикатот – Меѓународна криминална мрежа со исклучително вешти оперативци се посветени на задачата да воспостават нов Светски поредок преку серија терористички напади. Соочени со можеби најневозможната мисија досега, Итан го собира тимот за да го искорени Синдикатот, и се здружува со секој кој може да му помогне. Или можеби не?

Според прогнозите, филмот се очекува да заработи меѓу 40 и 50 милиони американски долари во првиот викенд, што е во рамките на претходните делови, но малку повеќе од претходниот „Протокол Дух“ кој заработи околу 30.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top