Овен
Со Стрелецот ќе поминете незаборавни моменти. Тој позитивно ќе влијае на вас бидејќи ќе ви ги прошири видиците и со него правилно ќе ја насочите вашата енергија. Во заедничката постела, пак, ќе доживеете необјасниво задоволство и ерупција од страст.
Бик
Со Девицара ќе остварите интуитивен однос, проследен со длабоко разбирање. Токму нејзината мудрост и практичност е она што ви годи, а заедно можете толму многу да остварите. Истовремено ќе бидете и пријатели и љубовници.
Близнаци
Лавот дефинитивно е оној кој ќе го освои вашето тело, но и вашето срце ова лето. Ќе ви овозможи огромна сигурност, а со него ќе се чувствувате слободно и опуштено.
Рак
Скорпијата ја разбира вашата потреба за сигурност и семејство. Ќе се разбирате со поглед. И во креветот подеднакво добро ќе се согласувате, како и надвор од него. Со оваа личност никогаш нема да ви биде здодевно.
Лав
Ќе се вклопите одлино со Овен, бидејќи тој ќе ги следи сите ваши желби и потреби. Вашиот однос ќе биде полн со разбирање, без оглед на тоа што повремено може да има мали караници. Во сексот целосно си одговарате еден со друг.
Девица
Јарецот ќе ве разбира во се и ќе се обиде да ви овозможи сè што ви е потребно, и заштита и љубов. И двајцата имате исти цели и огромна волја да работите на нивното остварување заедно .
Вага
Водолијата ќе знае како да ги задоволи на сите ваши сетила. Со неа никогаш нема да ви биде здодевно. Таа во секој момент ќе знае како да постапува со вас, дури и кога сте тажни или уморни.
Скорпија
Рибата ќе ви пружи истовремено и страст и романса. Исто така, ќе ги разберат и вашите ненадејни промени на расположение и лесно ќе ги поднесуваат сите ваши маани. Со нив вие ќе доживеете вистинска хармонија.
Стрелец
Овенот ќе знае како да ви го овозможи неопходното возбудување и акција. Тој ќе успее да ги открие дури и најскриените делови од вашата личност. Со него ќе се чувствувате спонтано и слободно. Во кревет ќе доживеете незаборавна експлозија од страст.
Јарец
Бикот ќе ви го дадел чувството на сигурност кон кое секогаш тежнеете. Ги цените истите вредности, па токму затоа и совршено ќе се усогласите емоционално. Вашата врска би можела да има светла иднина, бидејќи ќе биде подеднакво возбудлива, но и сигурна за двајцата.
Водолија
Близнаците најдобро ќе ги разберат вашите потреби, промени на расположение, како и желбата да ја задржите вашата индивидуалност. Тие никогаш нема да се обидат да ја променат вашата личност, ниту навиките, па токму затоа и покрај нив ќе се чувствувате слободно. Од друга страна пак, никогаш нема да ви недостасуваат теми за разговор.
Риби
Ракот целосно ќе ви се предаде, а со тоа и ќе ја намали вашата љубомора. Доколку и тој од вас го добие истото, има големи шанси да ја доживеете најголемата љубов во вашиот живот. Тој ќе знае како да ве задоволи и како допре до вашата душа.
Извор: B92
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.