Манифестацијата „Топол културен бран“, која по осми пат со поддршка oд Министерството за култура се организира во општините низ земјава, ќе им овозможи на граѓаните да проследат повеќе културни настани.
На платото пред Домот на културата во Свети Николе , ќе биде реализирана видеопроекцијата „Театар на платно – ретроспектива Бегалка“.
Жителите на Ресен утре ќе може да го проследат стендап-перформансот на македонскиот актер Сашко Коцев, а в петок, пак, на плажата „Галакси“ во Претор во 23 часот ќе настапи популарната хип-хоп музичка група ДНК.
Љубителите на поетскиот збор в петок во манастирот „Св. Јоаким Осоговски“ кај Крива Паланка ќе можат да уживаат во поетската вечер насловена „Лирски треперења“ на која ќе настапат членовите на литературните клубови „Калин“ и „Вршац“.
Граѓаните на општината Дебар утре ќе може да ја проследат театарската претстава „Кабинетот на професорот Тарана“ во изведба на актерите од Народниот театар „Антон Панов“ од Струмица, а во режија на Горан Тренчовски.
Денеска во галеријата „Градски амам“ во Дебар ќе биде отворена изложбата на талентираните ликовни уметници Блеранда Борова Гаши и Ринор Слова. Изложбата ќе биде поставена до сабота.
В петок во 17 часот на фудбалското игралиште во општината Брвеница ќе биде организирана бесплатна проекција на филмскиот мегахит „Мињоните“.
За жителите на општина Пехчево в петок на Градскиот плоштад во 21 часот ќе настапи популарниот изведувач на народни песни Миле Кузмановски.
Делчевчани, пак, в петок во салата на Спомен-домот „АСНОМ“ ќе може да ја проследат театарската претстава „Парче душа“ на Љупчо Тодоровски, а во киносалатаво 20 часот ќе започне Неделата на руски филм.
Истиот ден во општината Пробиштип граѓаните ќе уживаат вонастапот на познатата музичка група ДНК. Во хотелот „Монтана палас“ во Крушево утре во 12 часот ќе се одржи прес-конференција на која пред јавноста ќе биде презентирана програмата на традиционалната манифестација „Крушево етноград“, а истиот ден во Домот на културата „Наум Наумовски-Борче“ во 20 часот ќе биде отворена изложбата „Момент на впечатоци“ на Каролина Мицевска.
Граѓаните и посетителите на Дојран, пак, в петок ќе можат да уживаат во настапот на еден од најголемите балкански рок–музичари, Бора Чорба, чиј концерт ќе се одржи во Градскиот парк со почеток во 23 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.