| четврток, 6 декември 2018 |

Пожари во Хрватска, евакуирани 50 лица (видео)

Околу 50 жители синоќа беа принудени да ги напуштат своите домови поради голем пожар, што избувна околу 23 часот по локално време на хрватскиот полуостров Пелешац, јави хрватската телевизија ХРТ.

pozar korcula

Горат два километри густа борова шума и наспроти напорите на противпожарните екипи огнот околу три часот наутро се доближи до куќите во Трстеник, кој речиси целосно беше евакуиран, пишува хрватскиот портал „Индекс.хр“.

Тешка е ситуацијата и во регионот на Смоквица на островот Корчула, каде избувна пожар за време на викендот. Откако пожарот беше локализиран од североисточна страна, вчера огнот повторно излезе надвор од контрола. Најкритично е во регионот на Брно, каде огнот досега зафати над 500 хектари борова шума.

Освен противпожарни екипи во гаснењето на пожарот учествуваат и специјални авиони за гаснење на пожари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top