| четврток, 6 декември 2018 |

Ме­ли­на Ми­ле­ски, „Си­лу­е­те“: Це­ло е ко­га има сѐ (видео)

Се­ко­ја же­на по­са­ку­ва да би­де мај­ка, да ја по­чув­ству­ва ка­ко мај­ка, а исто­вре­ме­но ѝ е важ­но и ка­ри­е­ра­та да ѝ оди на­го­ре. Сме­там де­ка ед­но со дру­го тре­ба да се на­до­пол­ну­ва­ат

Таа го ури­ва ми­тот де­ка же­на­та мо­ра да из­бе­ре ме­ѓу се­мејс­тво­то и ка­ри­е­ра­та. До­ка­жа де­ка же­на­та мо­же да би­де по­све­те­на мај­ка и ус­пеш­на биз­нис­мен­ка. Со сопс­тве­нич­ка­та на цен­три­те за сла­бе­е­ње „Си­лу­е­те“, Ме­ли­на Ми­ле­ски, раз­го­ва­ра­ме во те­кот на сед­ми­от ме­сец од неј­зи­на­та че­твр­та бре­ме­ност. Неј­зи­ни­от нај­стар син Ди­но има 11 го­ди­ни. По­тоа се ро­ди­ја близ­на­ци­те Ли­на и Лу­ка. Нај­ма­ла е Ла­на, ко­ја има 4 го­ди­ни, а не­ка­де во октом­ври ќе се ро­ди и пет­то­то де­те. Ме­ли­на ве­ли – це­ло е ко­га има сѐ. Де­ца­та, ве­ли таа, ја пра­ват по­бо­га­та и по­среќ­на.

Melina shiluete (3) (Large)

Два­е­сет и пет го­ди­ни ус­пе­шен биз­нис. Од ка­де иде­ја­та да се поч­не со коз­ме­тич­ки са­лон? Во вре­ме­то ко­га Вие поч­на­вте со тој биз­нис, цен­три­те за уба­ви­на и не беа поз­на­ти во Ма­ке­до­ни­ја.

Ме­ли­на: На­ви­сти­на во тоа вре­ме не­ма­ше цен­три за уба­ви­на, за сла­бе­е­ње. Мо­же­би се на­о­ѓа­ше по не­кој по­мал са­лон во гра­дот, но глав­но трет­ма­ни за ли­це со ма­ски, без апа­ра­ти. Ние ко­га поч­нав­ме, поч­нав­ме со трет­ма­ни за сла­бе­е­ње. Тоа ни бе­ше глав­на деј­ност во пр­ви­те не­кол­ку го­ди­ни. Поч­нав­ме со апа­ра­ти кои се дел од ме­ди­ци­на­та, од фи­зи­кал­на­та те­ра­пи­ја. До­не­сов­ме два би­о­сти­му­ла­то­ри. Тој ме­тод сѐ уште се ко­ри­сти, са­мо со по­но­ви, по­со­фи­сти­ци­ра­ни бра­но­ви. Ос­но­ва­та е таа – да се за­јак­не му­ску­ла­ту­ра­та. И де­не­ска глав­на деј­ност ни е трет­ма­нот за сла­бе­е­ње, но ги збо­га­тив­ме ус­лу­ги­те со трет­ма­ни за ли­це, ко­са. Пред 25 го­ди­ни, на­ви­сти­на, тоа бе­ше не­што но­во во гра­дот. Лу­ѓе­то беа мно­гу скеп­тич­ни ко­га до­а­ѓаа, ко­га ќе ги ви­деа апа­ра­ти­те. Во тоа вре­ме имав­ме „трим сто­ло­ви“, ка­ко за­ме­на за фи­зич­ка актив­ност. Го­лем дел од кли­ен­ти­те што ги имав­ме то­гаш и де­нес се на­ши кли­ен­ти. Среќ­на сум што про­дол­жив­ме во на­гор­на ли­ни­ја. Ако то­гаш сме има­ле 3-4 апа­ра­ти, де­нес са­мо во ед­ни­от са­лон има­ме по­ве­ќе од 50 ма­ши­ни.

Ко­га се ро­ди­ја близ­на­ци­те,
сфа­тив де­ка со по­ве­ќе де­ца
е мно­гу по­у­ба­во.
Ед­но­став­но,
са­ка­ме по­ве­ќе и по­ве­ќе

Поч­на­вте со еден са­лон, таа број­ка де­нес е зго­ле­ме­на

Ме­ли­на: Де­нес има­ме шест са­ло­ни. Во „Си­ти мол“ сме три го­ди­ни, има­ме го­лем са­лон од 150 ква­дра­ти. Цел­та ни бе­ше да има­ме град­ски спа-цен­тар во кој се­ко­ја же­на или маж ќе мо­же да си доз­во­ли ре­ла­кса­ци­ја, а исто­вре­ме­но да ги до­бие и си­те по­треб­ни трет­ма­ни. Да ужи­ва во си­те ме­то­ди кои се по­ја­ву­ва­ат и на крај да го до­бие фи­нал­ни­от ефект со но­кти, пе­ди­кир.

Че­сто слу­ша­ме де­ка же­на­та тре­ба да од­бе­ре ме­ѓу биз­нис и се­мејс­тво, де­ка две­те ра­бо­ти не одат за­ед­но. Но, вие по­ка­жа­вте де­ка ед­на же­на мо­же да би­де и со­пру­га, и мај­ка, и ус­пеш­на биз­нис­мен­ка исто­вре­ме­но. Има­те че­ти­ри де­ца, го оче­ку­ва­те пет­то­то. Ва­ши­от биз­нис не стаг­ни­ра, на­про­тив оди во на­гор­на ли­ни­ја.

Melina shiluete (2) (Large)

Ме­ли­на: Не сме­там де­ка тре­ба да се жр­тву­ва ед­но­то за дру­го­то. Јас сум при­мер за тоа, а знам и мно­гу дру­ги же­ни. Мис­лам де­ка же­ни­те од ова под­неб­је најм­но­гу ус­пе­ва­ат да би­дат она – це­ло е ко­га има сѐ. Се­ко­ја же­на по­са­ку­ва да би­де мај­ка, да ја по­чув­ству­ва ка­ко мај­ка, а исто­вре­ме­но е важ­но и ка­ри­е­ра­та да оди на­го­ре. Сме­там де­ка ед­но со дру­го тре­ба да се на­до­пол­ну­ва­ат. Со ед­на до­бра ор­га­ни­за­ци­ја, се­ка­ко го­лем на­пор, сѐ се мо­же.

Ко­га се ро­ди Ва­ше­то пр­во де­те, ре­ко­вте де­ка ја до­би­вте ал­ка­та ко­ја Ви не­до­сти­га­ше. По пр­во­то де­те дој­доа близ­на­ци­те, па по­тоа и че­твр­то­то де­те, а на­ско­ро ќе се ро­ди и пет­то­то. Од ка­де таа жел­ба за по­ве­ќе де­ца?

Ме­ли­на: Не­ка­ко ко­га се ро­ди­ја близ­на­ци­те се ис­пол­ни ку­ќа­та. Слу­чај­но дој­де и че­твр­то­то пла­ни­ра­но-неп­ла­ни­ра­но. Сè та­ка не­ка­ко се слу­чу­ва­ше. Та­ка и за пет­то­то. И јас и со­пру­гот са­ка­ме де­ца и ужи­ва­ме во нив. Са­ка­ме да се мно­гу, те­шко е, но ме ис­пол­ну­ва мно­гу. Не­ка­ко ко­га се ро­ди­ја близ­на­ци­те сфа­тив де­ка со по­ве­ќе де­ца е мно­гу по­у­ба­во. Ед­но­став­но, са­ка­ме по­ве­ќе и по­ве­ќе.

Melina shiluete (4) (Large)

Ја има­те под­др­шка­та од со­пру­гот око­лу чу­ва­ње­то на де­ца­та? Кој ја има глав­на­та уло­га во вос­пи­ту­ва­ње­то на де­ца­та?

Ме­ли­на: Тој са­ка де­ца, знае да ги за­ба­ву­ва, да игра со нив. Знае да ги ани­ми­ра и да го слу­ша­ат мно­гу по­ве­ќе откол­ку ме­не. Мис­лам де­ка се­ко­ја мај­ка го има тој мо­мент ко­га ду­ри ѝ е кри­во. Кол­ку и да се тру­дам, ве­ро­јат­но сум по­стро­га, ка­ко мај­ка по­од­го­вор­на за де­те­то да на­пра­ви не­кои ра­бо­ти. Та­тко­то е ту­ка за за­ба­ва и не­ка­ко на по­ле­сен на­чин ус­пе­ва да из­дејс­тву­ва пос­луш­ност од де­ца­та. Ина­ку, ко­га е во пра­ша­ње вос­пи­ту­ва­ње­то, не­ма до­ми­на­ци­ја. Двај­ца­та сме вклу­че­ни во тој про­цес.

Ви не­до­сти­га ли не­ко­гаш де­нот да трае по­дол­го од 24 ча­са?

Ме­ли­на: Со три те­ле­фо­ни сум, се­ко­гаш е ха­о­тич­но. Ста­нав утри­на­ва во 5 ча­сот. Са­кам ра­бо­та­та да ја за­вр­шам, има­ме но­ви­те­ти во са­ло­нот. Се­ко­гаш ко­га сум бре­ме­на до­би­вам но­ви идеи. Со прет­ход­но­то де­те отво­рав са­ло­ни низ Ма­ке­до­ни­ја. И со близ­на­ци­те имав отво­ра­ње са­лон. Со оваа бре­ме­ност поч­ну­ва­ме со но­ви апа­ра­ти. Се­га стар­ту­ва­ме со ко­ла­ге­на­ри­ум, ме­тод што го не­ма на Бал­ка­нот. Тоа се ко­ла­ген­ски лам­пи со кои по де­се­ти­на ми­ну­ти трет­ман про­дук­ци­ја­та на при­род­ни­от ко­ла­ген во те­ло­то се зго­ле­му­ва. Де­нес има мно­гу ме­то­ди со кои на при­ро­ден на­чин се за­ба­ву­ва про­це­сот на ста­ре­е­ње, се пот­тик­ну­ва про­из­водс­тво­то на ко­ла­ген и на ела­стин.

Melina shiluete (5) (Large)

Вие сте во сед­ми­от ме­сец од бре­ме­но­ста, не­ма­те во­оп­што по­ка­че­на те­лес­на те­жи­на. Не­кои ќе ре­чат де­ка се е бла­го­да­ре­ние на апа­ра­ти­те. Се­пак, тоа е огра­ни­че­но за вре­ме на бре­ме­но­ста. Ка­ко ус­пе­ва­те да изг­ле­да­те ка­ко што ве­ро­јат­но се­ко­ја же­на по­са­ку­ва да изг­ле­да за вре­ме на бре­ме­но­ста?

Ме­ли­на: Се раз­би­ра де­ка не пра­вам трет­ма­ни за вре­ме на бре­ме­ност и не ги ни пре­по­ра­чу­ва­ме. Евен­ту­ал­но мо­же да се на­пра­ви не­ко­ја лес­на ма­са­жа во вто­ро­то тро­ме­сеч­је. Сме­там де­ка е нај­до­бро да се пра­ват лес­ни веж­би кои се пре­по­ра­чу­ва­ат за бре­ме­ни же­ни.  Ис­хра­на­та е мно­гу важ­на. Во мо­ја­та про­фе­си­ја сум се срет­на­ла со мно­гу же­ни, на раз­лич­ни во­зра­сти, кои ста­на­ле мај­ки, кои це­лос­но ја уни­шти­ле сво­ја­та ко­жа и сво­ја­та фи­гу­ра по­ра­ди тоа што не зна­е­ле да „кре­нат рач­на“, да има­ат „са­мо­кон­тро­ла“. Мно­гу е важ­на здра­ва­та ис­хра­на. Во те­кот на бре­ме­но­ста, а и над­вор од неа, се до­а­ѓа од умот и са­ми тре­ба да од­лу­чи­ме ка­ква ис­хра­на ни од­го­ва­ра. Се раз­би­ра, ни­ту за мај­ка­та ни­ту за бе­бе­то е до­бро да се ја­де нез­дра­ва, ка­ло­рич­на хра­на.  Се оп­то­ва­ру­ва ор­га­низ­мот, се ста­ва­ат 30 ки­ло­гра­ми плус и тре­ба вре­ме за же­на­та да се вра­ти во фор­ма. Те­сте­ни­ни, га­зи­ра­ни пи­ја­ла­ци, па­ку­ва­ни овош­ни со­ко­ви – ап­со­лут­но е не­по­треб­но. Две-три го­ди­ни не кон­су­ми­рам леб. Са­мо овес­но браш­но, пра­ви­ме ин­те­рес­ни па­ла­чин­ки што ги са­ка­ат и де­ца­та. Ги учи­ме и нив на здра­ва ис­хра­на уште од мла­ди го­ди­ни. Мно­гу е важ­но де­ца­та од ма­ли да се пот­тик­нат на спор­ту­ва­ње и тоа да им ста­не на­чин на жи­вот.

Се за­ни­ма­ва­ат ли со спорт Ва­ши­те де­ца?

Ме­ли­на:  Да, јас и со­пру­гот спор­ту­ва­ме и за нив тоа е нај­нор­мал­но. Се­кој ден гле­да­ат де­ка ма­ма и та­то се под­го­тву­ва­ат за тре­нинг. И тие ко­га на­пра­ви­ја 3-4 го­ди­ни ги за­пи­шав­ме на гим­на­сти­ка. Нај­го­ле­ми­от, Ди­но, оди на три спор­та, са­ка и бокс и фуд­бал и ра­ко­мет и ко­шар­ка, ка­ко и се­кое де­те на таа во­зраст.

Кол­ку Ма­ке­дон­ци­те ста­ну­ва­ат свес­ни за важ­но­ста на здра­ва­та ис­хра­на? Кол­ку вни­ма­ва­ат на сво­јот изг­лед?

Ме­ли­на: Искре­но мно­гу се ра­ду­вам на овие кам­па­њи, рек­ла­ми за ис­хра­на­та. Мно­гу ми се ин­те­рес­ни ка­ко се сни­ме­ни. Се ра­ду­вам што сè по­ве­ќе лу­ѓе во­дат гри­жа за се­бе. Ние ко­га поч­нав­ме со са­ло­нот, ре­чи­си ни­кој не во­де­ше гри­жа за ис­хра­на­та. Кни­ги­те за ис­хра­на што до­а­ѓаа од Аме­ри­ка беа не­кои по­че­то­ци и пет про­цен­ти од кли­ен­ти­те ги имаа про­чи­та­но или слуш­на­ле за тие ме­то­ди за сла­бе­е­ње.

Има­ше пер­и­од ко­га се сме­та­ше де­ка са­мо јав­ни­те лич­но­сти се тие што тре­ба да по­се­ту­ва­ат са­ло­ни и да вни­ма­ва­ат на сопс­тве­ни­от изг­лед.

Ме­ли­на: Да, но се­га ре­чи­си се­кој млад чо­век се за­ни­ма­ва со спорт, се гри­жи за сво­ја­та ис­хра­на. Има­ме кли­ен­ти кои во те­кот на це­ла­та го­ди­на нè по­се­ту­ва­ат и сме­та­ат де­ка тоа не е важ­но са­мо пред од­мор, свад­ба, би­тен на­стан во жи­во­тот. Тоа е дел од нив­но­то се­којд­не­вие. Се ра­ду­вам што таа хи­ги­е­на во жи­ве­е­ње­то ста­на на­чин на жи­вот кај мла­ди­те. Здра­ва­та ис­хра­на, спор­тот, одре­де­ни трет­ма­ни  – тоа е тоа што им тре­ба на лу­ѓе­то. Без спор­ту­ва­ње не смее да се др­жи ди­е­та, без одре­де­ни трет­ма­ни, не тре­ба да се кон­су­ми­ра­ат пра­шо­ци, на­пи­то­ци, хра­на ко­ја не е про­ве­ре­на. Се­кој брз ре­зул­тат мо­же да би­де кри­ти­чен за здрав­је­то. Се пра­ви проб­лем со изг­ле­дот, то­ну­сот на ко­жа­та, изг­ле­да­ат мно­гу по­ста­ро од ре­ал­но што се.

Разговараше: Билјана Зафирова
Фото: Александар Ивановски
Видео: Илија Јовановски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top