| четврток, 6 декември 2018 |

Што кажува за тебе твојата интимна фризура?

Не е сеедно како сте се погрижиле за изгледот таму долу. Овие осум типови интими фризури укажуваат на различни на карактери на жени.

Убаво обликувано џбунче

Во прашање е фризура кога жената се бричи или депилира минимално, додека остатокот останува недопрен. Оваа фризура опишува жена која ја сака природната убавина и практичноста пред сè. Се работи за скромна личност која точно знае што сака и која не сака да привлече големо внимание.

Секси триаголник

Верувале или не, ова е најчеста интимна фризура меѓу жените. Поголемиот дел од влакненцата се отстрануваат, но се остава секси триаголник. Жените кои го сакаат овој тип на фризура се динамични, сакаат промени но истовремено и сигурност. Се работи за морална личност која понекогаш сака да си поигра со сексапилот.

Писта за слетување

Вертикалната трака со ширина од одприлика два прста опишува француска депилација која е златна средина на бразилската и природната фризура. Ваквиот начин на депилација открива отворена и комуникативна личност која не се плаши од промени и нови животни препреки. Сака авантури, но сето тоа во границите на нормалата.

Бразилска

Познатата бразилка која тешко може да се именува како фризура со оглед на тоа дека се работи за отстранување на сите влакна во интимниот дел, е многу популарна во последните неколку години меѓу женскиот свет а со ништо помала воодушевеност одлично ја прифаќаат и мажите. Бразилката носи слободни и сигурни жени кои се свесни за својот сексапил и жени кои сакаат дополнително да го истакнат. Тие знаат што сакаат и кој е начинот за да дојдат до своите посакувани цели.

Турска фризура

Оваа фризура стана особено голем хит во последно време. Се отстрануваат скоро сите влакна на интимниот дел освен на срамната коска каде што се остава стилизиран правоаголник. Ваквиот украс на бикини зоната никогаш нема да најдете кај традиционалната дама. Се работи за жени кои сакаат промени и секогаш сакаат да бидат во тренд.

Стрелка

Исцртаната стрелка со правец на движење кон нејзиниот полов орган ја избираат самосвесните дами кои многу добро знаат што сакаат од вас. Потрудете се да им го понудите тоа, инаку многу брзо ќе ви свртат грб и ќе си заминат.

Истетовирана роза

Девојките кои имаат тетоважа на својот најинтимен дел најчесто се романтични и сакаат големо внимание од својот партнер кој сакаат да го врзат до крајот на својот живот. Но, розите сепак сакаат секојдневна нега!

Прашума

Ова е жена која има дефинитивно попаметна работа отколку да се занимава со “глупости” од типот на интимната депилација. Таа е најверојатно веќе мажена, има деца и сопруг кој ја обожува. Како и не би ја обожувал кога е полна со самодоверба и знае да ужива во своето тело без никакви ограничувања.

Извор: Супермен

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top