Американецот во редовите на Црвена звезда, Маркус Вилијамс беше еден од најзаслужните за успехот што го направи тимот од Белград оваа сезона.
Црвена звезда ги освои сите три титули, Купот на Србија, Првенството во Србија и се искачи на тронот на АБА, а со голем успех настапи во Евролига пласирајќи се во втората групна фаза.
Сепак, црна дамка остави анализата на допинг-контролата која беше изврешена во финалето на плејофот во српскиот шампионат.
По добиените резултати, за кои се чекаше 40 дена од лабораторијата во Виена, се покажа дека Вилијамс бил позитивен на марихуана.
Црвена звезда има право да го суспендира кошаркарот, но во случајов тоа не е можно бидејќи неговиот договор со „црвено-белите“ веќе е истечен. Сега останува постапка против него да покрене Кошаркарскиот сојуз на Србија, по што ќе следува и суспензија од најмалку три месеци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.