| четврток, 6 декември 2018 |

ПАО и Олимпијакос не седат со скрстени раце, желни се да атакуваат на европскиот трон

Двата најголеми кошаркарски колективи во Грција, Олимпијакос и Панатенаикос, се сериозни во намерите да атакуваат на самиот европски трон следната сезона.
Панатенаикос од пред неколку недели ја почна реконструкцијата на тимот ангажирајќи го српскиот селектор Александар Ѓорѓевиќ.
По неколкуте најави за создавање силен тим за следната сезона во Евролигата, управата на „зелените“ заврши голема работа со ангажирање на грчкиот репрезентативец и НБА играч, Ник Калатес. Поранешниот играч на Мемфис ја одби понудата за да остане во НБА прифаќајќи враќање во татковината со потпис на тригодишен договор вреден седум милиони долари.
Најавите од Панатенаикос се дека тие не застануваат тука и ќе се обидат да ангажираат уште неколку проверени играчи, а како следна цел ја посочуваат центарската ѕвезда на Србија, Мирослав Радуљица.

Сериозно засилување доведе и тимот на Олимпијакос, кој вечерва го официјализираше трансферот на Даниел Хакет. Американецот со италијански пасош го напушти составот на Емпорио Армани и најавуваше трансфер во НБА, но откако не доби интересна понуда, реши  да остане во Европа и го стави својот потпис на договорот со Олимпијакос.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top