| четврток, 6 декември 2018 |

Нема лесни противници во ЛШ, Фола го изненади Динамо, Рудар и Жалгирис им пркосеа на фаворитите

rufdar

Нема лесни противници ниту во квалификациите за Лигата на шампионите, а стартните натпревари од втората рунда донесоа серија изненадувачки резултати.

По првиот ден и подвигот што го направи Милсами од Молдавија со победа над Лудогорец на гости и со мини-изненадувањата на Вардар против АПОЕЛ (0-0) и Хибернијанс од Малта со триумф над Макаби Тел Авив со 2-1 и вчера имаше неочекувани исходи.

Најголемото го приреди шампионот на Луксембург, Фола, со ремито 1-1 во Загреб против Динамо. Гостите дури играа и со фудбалер помалку во второто полувреме но издржаа и приредија голема сензација. Особено ако се знае дека пред две сезони Динамо ја декласира истата екипа со вкупен резултат од 6-0.

Во категоријата изненадувања се и нерешените резултати без голови на натпреварите Малме – Жалгирис и Карабах – Рудар од Црна Гора.

Шанса да минат понатаму имаат и фудбалерите на Дандалк од Република Ирска по минималниот пораз од Бате Борисов на гости со 1-2, а само Селтик ја оправда улогата на голем фаворит против исландскиот првак Стјарнан со триумф од 2-0.

Реваншите се за една седмица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top