Економски крах на Грција ќе претставува геополитичка грешка, изјави американскиот министер за финансии Џек Лу, пренесува грчкиот портал „Њуз.ин“.
– Има многу непознати последици, ако ситуацијата во Грција стигне до целосен крах – изјави Џек Лу предупредувајќи дека ако Европа дозволи економски банкрот на Грција, тоа ќе претставува геополитичка грешка.
Во однос на повикот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за преструктурирање на грчкиот долг, Џек Лу предупреди дека долгот на Грција не е одржлив, истовремено истакнувајќи ја големата неподготвеност на некои европски држави да го решат овој проблем.
Американскиот министер за финансии изјави дека е во постојан контакт со високите европски претставници во врска со грчката должничка криза, истовремено повикувајќи за постигнување договор за должничкиот проблем на Грција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција



