Кризниот самит на шефови на држави од еврозоната заврши доцна синоќа во Брисел со драматична порака во која на Грција и е даден буквален ултиматум да ги прифати правилата на кредиторите до крајот на неделата инаку ќе лета од еврозоната. Во недела ќе се одржи самит не само на еврозоната, туку и на сите 28 држави членки на ЕУ, вклучувајќи ја и Хрватска и другите држави кои не се во еврозоната.
Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер порача дека владата на Грција има конечен рок до четврток, 9. јули во 8.30 часот да го предаде деталниот план за реформи ако сака да избегне исклучување од еврозоната.
До сега со незапаметен речник Јункер рекол дека Европската комисија има во детали разработено сценарио за Грексит.
– Во детали имаме разработено сценарио за давање хуманитарна помош за да го испочитуваме достоинството на грчкиот народ. Имаме и сценарио за можен договор, рекол Јункер, уште еднаш обвинувајќи го грчкиот премиер Ципрас дека не ја говорел вистината на грчкиот народ пред референдумот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција


