Авион на турскиот национален авиопревозник „Туркиш ерлајнс“ денеска принудно слета во Њу Делхи откако доби закана дека во леталото е поставена бомба, изјави претставник на индиските безбедносни служби.
Во тоалетот на авионот била пронајдена белешка дека во патничкиот авион „ербас А 330“, кој летал од Истанбул за Бангкок, е поставена бомба.
– Во авионот имало 134 патници. Заканата за поставена бомба била пронајдена три часа од полетувањето – истакна портпаролката на „Туркиш ерлајнс“.
Претходно беше објавено дека во авионот имало 148 патници.
По слетувањето на аеродромот во Њу Делхи сите патници се евакуирани од авионот, а индиските безбедносни служби го претресуваат леталото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Авион на „Туркиш ерлајнс“ принудно слета во Судан поради дојава за бомба
-
Мисалјовски на средби со Туркиш ерлајнс и ТАВ за авиолинија од Македонија до САД и Канада
-
Имало порака за бомба: Евакуиран авион на „Туркиш ерлајнс“
-
Внимаваме на безбедноста- „Туркиш ерлајнс“ се извини до патниците од вчерашниот лет до Истанбул