| четврток, 6 декември 2018 |

Температурите до 40 степени, Македонија влегува во жолта алертна фаза

Македонија влегува во жолта алертна фаза, температурите во наредните денови ќе растат и до 40 степени.

toplo

Од УХМР информираат дека најтопло ќе биде во среда и четврток до 40 степени, кога и вредноста на УВ индексот ќе биде најголема. Апелираат граѓаните да бидат внимателни при изложување на сонце.

Ваквите пеколни температури, според прогнозите на Управата за хидрометеоролошки работи ќе продолжат се до петок, кога ќе имаме променливо облачно време со повремен локален дожд и умерен северен ветер. Дневните температури ќе се спуштат за 3 до 4 степени. Но, ваквото мало заладување ќе трае кратко, веќе од сабота повторно се очекува пораст на дневните температури.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top